13.4 C
Ohrid
вторник, мај 11, 2021
Почетна Македонија 28 Годишна девојка примена на болница после вакцина со астразенека поради тромбна...

28 Годишна девојка примена на болница после вакцина со астразенека поради тромбна реакција

Translate (Eng):[gtranslate]

Девојка на возраст од 28 години е примена во болница со тромботична реакција по вакцинација со „АстраЗенека“, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Кај нас има регистрирано еден случај на девојка од 28 години и од вчера е во болница со тромботичен ефект, кој се поврзува со приемот на една доза на вакцината АстраЗенека“, вели министерот.

Според него, девојката ја примила вакцината во Србија, а симптомите се развиле 6-7 дена по вакцинирањето.

РЕКЛАМА

Министерот посочи на претпазливост со вакцината на „АстраЗенека“, следејќи ги примерите на Канада и Германија. Поради случајот денеска ќе има состаноци во МАЛМЕД за нејзината безбедност, но таа засега во Македонија нема да се дава на лица под 60 години додека не се контактираат германското министерство за здравство и Европската агенција за лекови (ЕМА), пренесува „Слободен печат“.

 

„Иако се ретки овие тромботични реакции, мораме да бидеме многу претпазливи“, додава Филипче.

- Реклами -