4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев: Пописот да се одложи за 2022 година !!

Апасиев: Пописот да се одложи за 2022 година !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Левица со два амандмани бара одложување на пописот за 2022 година.

<

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов до претседателот на Собранието, Талат Џафери поднесле два амандмани на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, којшто по скратена постапка беше поднесен од Владата, со цел пролонгирање на пописот за септември.

Првиот амандман се однесува на член 1, став (1), со кој се бара промена на зборовите „од 5 до 30 септември 2021 година“ со зборовите „1 до 21 април 2022 година“. Ова, имено беше и првичното барање на Левица откако ја започна својата кампања „Не отворам врата“.

„Амандманот го предлагаме со цел заштита на јавното здравје, предвидено како уставна должност на секој граѓанин, почитување на нормативната хиерархија и владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок, а во насока на почитување на препораките на Обединетите нации – Департментот за статистика на ООН и Популациониот фонд на ОН, велат од Левица. Другиот амандман се однесува на член 2 од Законот, којшто предлагаат да се замени со членот: „(1) Со денот на влегување во сила на овој закон престанува самопопишувањето на лицата – државјани на РМ, кои се на привремена работа, или престој во странство“; (2) Државниот завод за статистика е должен да ја отстрани од својот веб-сајт апликацијата за самопопишување на дијаспората“. Овој амандман го предлагаат со цел воедначување на применетата методологија со препораките на Обединетите нации и ЕУРОСТАТ“, велат од Левица.

Пописот иако требаше да почне денеска, има договор за негово одложување во септември.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...