7.5 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Јас сум задоволен, до сега имаме 78.000 вакцини кој половина од...

Заев: Јас сум задоволен, до сега имаме 78.000 вакцини кој половина од нив ни ги даде Србија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска пристигна нова пратка со вакцини од 20.000 дози како нова донација од Србија. Станува збор за руската вакцина „Спутник В“, рече премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

<

– Стигна втора донација од Србија, два пати по 20.000 вакцини „Спутник“, за да продолжи масовната вакцинација. Србија ни помогна со првите дози 8.000 вакцини „Фајзер“, а сега повторно ни помагаат во овие тешки моменти. Навистина сакам да изразам благодарност до братскиот српски народ, ние тоа го почитуваме и никогаш нема да го заборавиме – рече премиерот.

Тој истакна дека веќе се пријавил во механизмот за онлајн пријавување за вакцинација, па ги повика и граѓаните да го сторат истото.

– Јас се пријавив во механизмот за онлајн пријавување за вакцинација, министрите го направија истото, а сега апелирам и до граѓаните да се пријават. Вакцината е здрава, сите вакцини се проверени и тестирани, а колку побрзо заврши имунизацијата, толку побрзо ќе заврши и пандемијата. Нема да бирам која вакцина да ја примам, туку ќе ја примам таа што ќе ја имаме, оти сите се сигурни. Затоа, да го почитуваме протоколот на вакцинирање и да ја примиме вакцината за да можеме да ги отвориме границите и слободно да шетаме. Во моментов имаме 78.000 вакцини, а учеството на Србија е повеќе од половина. Очекуваме 25.000 вакцини од ЕУ, како и нарачаните 200.000 кинески вакцини. Верувам дека во мај ќе стигнат другите количини кои се многу поголеми во број. Исто така, решивме од Кина да набавиме дополнителни 500.000 вакцини од фирмата „Синовак“ – рече Заев.

Премиерот додаде дека ниту еден министер и владин функционер нема примено вакцина преку ред.

– Не смееме да дозволиме поради лажни вести да нарушиме одредени човекови или здравствени права на граѓаните. Ме прашавте дали можеме јавно да ги објавиме имињата на вакцинираните граѓани. Ќе ви одговорам дека ако системот го дозволува тоа, тогаш ние ќе ги објавиме имињата. Но, ако не доволува, тогаш секој министер може јавно да се изјасни дали се вакцинирал – рече Заев.

И министерот за здравство Венко Филипче им се заблагодари на српските власти за донацијата на вакцини и рече дека на овој начин се овозможува континуитет во имунизацијата на населението.

– Сега кога веќе се достапни во нашата земја и овие 20.000 вакцини на „Спутник“, ние ќе ги вклучиме во системот за вакцинација. Сè се одвива според планот, а тоа значи дека ќе имаме поголемо вклучување на поголеми групи граѓани во процесот за имунизација. Солидарноста се покажа дека е многу важна и искрено верувам дека достапноста до вакцините значително ќе се зголемува во следниот период – рече Филипче.

Тој посочи дека околу 10.000 граѓани заминале на вакцинација во Србија.

– Имам информација дека околу 10.000 македонски државјани заминале да се вакцинираат во Србија. Контактирав со српскиот министер Златибор Лончар и го замолив да ми ги достави податоците во електронска форма, со цел да ги внесеме граѓаните во листата на вакцинирани и да им овозможиме ревакцинација. Во поглед на смртноста од ковид-19, има земји со многу поголема смртност од нашата, а такви се Бугарија и Словенија, на пример. Расте смртноста и ние не сме исклучок. На пациентите им пристапуваме максимално професионално – рече министерот.

Филипче истакна дека целта на рестриктивните мерки е да се ограничи движењето на граѓаните за да се спречи ширењето на вирусот помеѓу младите лица.

– Сега има една умерена рестрикција и се забележува дека нема голем раст на новозаразени. Ние успеавме да го изменаџираме тоа и има сосема доволен број кревети во болниците – истакна Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...