29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Докторите се чудат со белите дробови на некои пациенти.

Филипче: Докторите се чудат со белите дробови на некои пациенти.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ден по рекордниот број (50) починати во 24 часа во петокот, министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека има пациенти со многу тешка клиничка слика кај кои терапијата не дава резултати. Болниците се преоптоварени како никогаш од почетокот на епидемијата, рече тој, но дури и сега има слободни кревети и ниеден пациент нема да остане без соодветна лекарска нега.

<

„Колегите прават сѐ. Има пациенти со многу тешка форма, се лекуваат согласно стандардите, но, за жал, и покрај преземените мерки, кај некои лекувањето нема ефект. Има пациенти со клиничка слика и страшни манифестации на белите дробови и крвта какви што пулмолозите и колегите инфектолози досега не виделе. Нема ефект од терапијата и, кога состојбата ќе се влоши, и покрај се што се прави, нивните животи не можат да се спасат“, рече Филипче.

Во однос на смртните случаи на млади луѓе, министерот одговори дека и во регионот често има влошување на здравствената состојба кај младите во рок од само неколку часа.

„Болниците се преоптоварени како никогаш досега, но обезбедуваме се што треба секој да добие соодветна здравствена нега и има сосема доволен број болнички кревети, дури и сега“, изјави Филипче при посетата на Спшортскиот центар „Борис Трајковски“ каде што задутре ќе почне масовна имунизација.

На прашањето зошто масовното вакцинирање не почна уште овој викенд, тој одговори дека му пристапуваат внимателно на процесот, затоа е и денешната симулација за текот и координацијата, но дека кога ќе профункционира, вакцинирањето во салата ќе се одвива седум дена неделно, а термините дневно ќе се зголемуваат како што ќе пристигнуваат нови количества вакцини.

„Битно е да се постави системот, за кога ќе тргне, проблемите да се минимизираат“, додаде Филипче.

Соопшти дека овој месец ги очекуваме и останатите дози вакцини и секоја количина, рече, точно ќе се знае каде ќе оди. За вакцините на „AstraZeneca“ се чека официјална одлука од Бордот на ЕМА.

Засега се аплицира само кај постари граѓани и досега официјално не е пријавен ниту еден несакан ефект, исто како и од другите вакцини што се даваат. Единствен проблематичен случај е со 28-годишната девојка кај која се појавила тромбоза на вена на окото по примањето на „AstraZeneca“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...