27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаОхрид со само една служба за здравствена заштита на деца до шест...

Охрид со само една служба за здравствена заштита на деца до шест години

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Највисоки можности за здравствена заштита во државата имаат жителите на главниот град, Скопје. Најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево, покажуваат податоците од истражување, чии резултати ги објави Центарот за граѓански комуникации.

<

Има огромни разлики во можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на 30-те градови во земјава. Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Но, меѓу големите градови најлошо стојат Кичево и Кочани, а меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево. Покрај Скопје, на врвот на листата се и Битола и Штип, додека на дното, покрај Крушево се и Македонски Брод, Валандово и Крива Паланка, пишува во соопштението до јавноста.

Истражувањето, како што се додава, „кое вклучува 22 индикатори, ги зема предвид човечките и просторните медицински капацитети, што им стојат на располагање на жителите на овие региони, како што се болници, здравствени домови, служби за заштита на жени, претшколски и школски деца, лекарски, специјалистички и друг здравствен кадар, но и општата и стапката на смртност на доенчиња“.

Еден од индикаторите со големи разлики меѓу градовите, е, број на деца на една служба за здравствена заштита на деца до шест години. Овде најдобро стои Виница, каде на 129 деца има една ваква служба или педијатриска амбуланта. Спротивно, најлошо стојат Охрид, Прилеп и Скопје, каде една ваква служба има на повеќе од 3.000 деца на оваа возраст. Шест градови имаат ваква служба, но, во неа нема лекари и мораат да патуваат во други градови за ваква услуга, се наведува во соопштението.

Според истражувањето, слична е и состојбата со број на жени на една служба за здравствена заштита на жени. Како што покажуваат резултатите, најдобро стои Берово со 1.388 жени на една ваква служба, додека најлоша е состојбата во Прилеп, каде една ваква служба „покрива“ дури 36.000 жени. Три градови, според истражувањето, воопшто немаат ваква служба, односно гинеколог. (Крај)

извор: Република

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...