-1.1 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМожно е државата да ни ги врати парите за пасошите и личните...

Можно е државата да ни ги врати парите за пасошите и личните карти што ги вадиме предвреме.

spot_img

Владина работна група составена од претставници на Министерствата за вантрешни работи, надворешни работи, правда, транспорт и врски во следните неколку дена ќе треба да најде решение за проблемот околу издавањето на лични документи со новото име, обврска која треба граѓаните согласно Преспанскиот договор да ја завршат до 12 февруари. Во врска со обврските за промена на личните документи согласно договорот формирана е работна група за да се изнајде соодветно решение за надминување на проблемите, информираат за Сител од Владата.

Прашањето било отворено на првата владина седница со која раководеше Талат Џафери, а како што потврдија двајцата клучни министри, шефот на дипломатијата Османи и техничкиот министер за внатрешни Тошковски во опција е и враќање на парите е што граѓаните ги дадоа за да извадат нови пасоши и лични карти пред да им истече нивната важност. Тошковски најави дека ќе го прифати секое решение за личните документи кое е во интерес на граѓаните, а тој во ресорното министерство работи на реорганизација за побрзо аплицирање и добивање на документите за да се намалат гужвите пред пунктовите на МВР.
Фактор.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...