13.8 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаДанела Арсовска: Најголем предизвик беше борбата со ракот и здравјето на мојот...

Данела Арсовска: Најголем предизвик беше борбата со ракот и здравјето на мојот син

Ја започнавте кампањата за градоначалник за Скопје како независен кандидат со поддршка од најголемата опозициска партија? Бевме сведоци на многу обвинувања на ваша сметка. Со оглед на тоа што за првпат влегувате во ваков тип на трка, дали сте подготвени за ваков тип на реторика, со оглед на тоа што доаѓате од сектор каде што сликата е сосема поинаква?

– Знаеме каква е сликата во политиката во нашата земја и верувам на никој не му се допаѓа тоа што се случува. Тоа е и една од причините поради кои се кандидирам за градоначалник на Скопје – сакам како човек да покажам дека може да е поинаку. Без политички борби, без политички игри, без политичка реторика – како независен градоначалник и некој кој ќе работи за сите скопјани, сакам да постигнам решенија и видливи подобрувања, во корист на градот и граѓаните, а не на поединец или партија.

На Скопје не му треба градоначалник кој ќе ги гледа градот и скопјани како обврска и товар, туку градоначалник кој ќе им служи на луѓето. Доволно со нашиот град се управуваше без грижа – сите можеме да се согласиме дека живееме во нечист град, кој во текот на зимските месеци е еден од најзагадените градови во светот. Можеме да се согласиме, дека инфраструктурата не е само застарена, туку на места и нефункционална.

Не опкружува сообраќаен метеж, немаме јавен превоз каков што знаеме дека има другите европски градови со оваа големина, а пак проблемите со водоводната мрежа, ги оставаат граѓаните без водоснабдување во делови од градот скоро секоја недела. Не можеме да ги отвориме весниците без да прочитаме најава, кое соседство нема да има струја или вода следниот ден – и сето тоа во Скопје во 21 век. Ова е вистината и граѓаните го знаат ова. Со лажни вести, погрешни обвинувања, па дури и лични закани, дел од актуелната власт се обидува да го одвлече вниманието од оваа вистина и да ги спречат независните кандидати да постигнат успех. Тоа е бидејќи знаат дека нивното време заврши. Немам намера да се впуштам во нивните валкани игри, бидејќи тоа е нивно поле, а на сите нас граѓаните ни е преку глава од политикантство, навреди и закани. Одлучив да работам за Скопје и за сите скопјани, да овозможам вистински решенија за модерно и достојно Скопје со кое ќе се гордееме.

* Која е Данела Арсовска приватно?

– Мајка, сопруга, ќерка, сестра. Моите пријатели велат сум човек на кој можат да се потпрат, човек што кога нешто ќе вети тоа го исполнува. Упорна сум и откажувањето не е опција за мене, ниту во работата ниту во приватниот живот. Живеам за предизвици. Не сакам да слушам изговори и не давам изговори дека нешто не може да се направи, сакам работите да се завршат. Пред се сум семејна личност – мојот син и мојот сопруг се мојата среќа, мојот дом и мојата поддршка. Сме поминале и добри денови но и тешки времиња во борба за добро здравје и во борба за живот, а тоа нè прави уште посилни. Велат дека сум борец. А јас велам, во животот секој се соочува со свои битки што треба да се добијат.

Целото Интервју Тука Женски Магазин

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...