10.2 C
Ohrid
среда, април 23, 2025
ПочетнаМакедонијаДали посетата на Јотова е провокација- баш на Денот на ослободувањето на...

Дали посетата на Јотова е провокација- баш на Денот на ослободувањето на Битола од фашистите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Посетата на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова на Битола најавена за денеска, е добредојдена ако е со чесни намери, а не би сакал да верувам дека тоа е провокација, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Битола.

<

Јотова во Битола на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“, април 2022

„Јас не би сакал да верувам дека е тоа провокација. Македонија е слободна земја, ние сме гостољубив народ и секој кој што е дојден со чесна, добра намера ќе биде добредојден. Ние може само да му подадеме рака и да му го направиме престојот овде што поубав без разлика дали е тоа потпретседателот на Бугарија или на некоја друга држава. сѐ додека има чесна намера е добредојден. Доколку нема чесна намера и доколку оваа посета се користи за политичка провокација, тогаш треба да наиде на осуда од страна на властите, на осуда на граѓаните од Битола и од сите политички и општествени чинители. Но јас сум уверен и се надевам дека посетата е од приватен карактер и е со добра намера, а не со намера да се испровоцира скандал и реакција од страна на овој мирољубив народ”, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ја коментира посетата на бугарската потпретседателка Јотова, која доаѓа во Битола во приватна посета со сопствена агенда кога се одбележува 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.

СВР – Битола соопшти дека денеска и утре на територијата на Битола и околината, која е во нивна надлежност, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради денешната посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова и утрешната посета на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски по повод одбележувањето на 40 годишнината од постоењето на РЕК „Битола”.

Мицкоски ја посети Општина Битола, каде со градоначалникот Тони Коњановски извршија увид во градежни активност на асфалтирање на Бруснички пат во населеното место Брусник

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот на Струмица: Велигденски на мотор со мајка ми.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов објави фотографија на која се пофали дека велигденски возеле мотор со мајка му. Двајцата облечени во мото облека се гледа...

И покрај гаранцијата од 2 милиона евра- Судот одби да го ослободи Асмир Јахоски.

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари...

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор.

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор. Покрај ова за сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеник на...

Кумановка вработена во спортска обложувалница украла 32 илјади денари

МВР денеска соопшти дека на 13 октомври 2024, додека била на работното место во спортска обложувалница во Куманово, пријавената М.П од дневниот пазар одзела...