2.8 C
Ohrid
понеделник, декември 11, 2023
ПочетнаМакедонијаЗаев: Полициски час од 20 часот до 20 април, кафаните нема да...

Заев: Полициски час од 20 часот до 20 април, кафаните нема да работат и фитнес центрите…

После седницата на Владата, се обрати премиерот Зоран Заев кој ги кажа новите мерки кои беа донесени од страна на властите, после големите бројки на коронавирусот.

„На денешната седница донесовме одлука на дополнителни мерки со цел заштита на јавното здравје и заштита на граѓаните. Новите тенденции јасно кажуваат дека британскиот сој зема голем замав. Со овој проблем се соочуваат и голем број на земјите. Со овој сој полесно се заразуват лицата, и најчесто се манифестира со тешки последици.

Во пресрет на затоплувањето, а во пресрет на празниците, а со цел потреба да ги одмориме здравствените работници, сметаме дека се неопходни нови мерки. Мораме сите заедно да влеземе во текот што ја завзема пандемијата, бидејќи само заедно можеме да се справиме со последиците. Бројот на новозаразени расте. Бројот на починати од коронавирус расте. Досега здравствените работници се справуваа со сите предизвици, но сега веќе постои сериозно оптоварување на работниците кои деноноќно и со сите сили се во битката на спасување. Ова е најголемото оптварување на здравствениот систем. Многу системи се соочија со ваков проблем и порано од нас. Во овие мигови не смееме да дозволиме нови влошувања. Од овие причини владата донесе нови мекри, а тоа се:

Забрана и посебен режим на движење на граѓаните во временски период од 20 до 05 часот следниот ден, почнувајќи од 6 април до 20 април 2021 година
На граѓаните кои извршиле имунизација во центарите на вакцина, за временскиот период непосрено пред почетокот на забраната, им се дозволува враќање во своите живеалишта, врз основа на потврда за извршена вакцинација
Забрана за посета на гости во сите угостителски објескти, и други објекти кои даваат угостителски услуги. Угостителските објекти може да работат на алтернативни начини: онлајн или телефонски нарачки, и да вршат нарачки самосотојно, или надвор од угостителскиот објект на пункт – штанд, почнувајќи од 7 април до 20 април. Исклучок се угостителките објекти на меѓународните аеродроми
Целосна забрана за посетители и гости во обложувалниците, односно работата да биде организирана на шалтер, штанд, пункт, односно да не работи угостителскиот објект, почнувајќи од среда 7 април, до 20 април
Целосна забрана на сите посетители и гости во сите вежбални, сали за вежбање и фитнес центри
Се забранува организирање на секаков вид семинари, работилници, курсеви почнувајќи од 6. април до 20 април
За време на забраната и посебниот режим на движење, сите граѓани кои живеат во станбени објекти, кои имаат домашни миленици, може да ги изнесуваат милениците од 22 до 23 часот.
Останува на сила на строгата забрана за групирање.“, рече Заев.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Телма на местото на злосторството – За првпат објавено местото каде Вања била закопана

Јавноста се уште не се смирува со реакции по смрта на Вања и Панче кои претходно беа киднапирани. За првпат Телма ТВ успеа да дојде...

Јован Митрески,новиот претседател на Сообрание?

Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на...

Вмро Дпмне веднаш го разреши претседателот на месниот комитет во Охридско, откако истит бил фатен од страна на полициските службеници како конзумира дрога.

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од...

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...