16.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКАМ: Некој сака да ни наштети, бараме случајот да се истражи до...

КАМ: Некој сака да ни наштети, бараме случајот да се истражи до крај.

Практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на производот имајќи го предвид строго контролираниот тек на процесот на производство и поради тоа остануваме отворени за официјална истрага базирана на документите од надлежните инспекциски органи во нашата држава, се вели во реакцијата на компанијата КАМ на соопштението на Агенцијата за храна и вино за тоа дека во маркет на КАМ во замрзнат зеленчуков микс „Сани фантази – Царски микс” од Република Србија, бил пронајден мртов глушец.

Компанијата КАМ соопштува дека посветено ја гради повеќе од две децении кај домашните и потрошувачите во регионот, соработува исклучиво со домашни и странски производители и дистрибутери на храна кои ги поседуваат современите сертификати за квалитет IFS, HACCP, ISO 9001, ISO 22000. „На оваа основа секторот за контрола на квалитет во нашата компанија континуирано ја контролира исправноста на производите, протокот на производите, ладниот ланец и секогаш во повеќекратно поголем обем од законски предвидените. Таков е случајот и со производите од предметниот производител кој во изминато тримесечје оваа година е контролиран 3 (три) пати.

Непосредно по објавувањето на информацијата, согласно процедурите на компанијата, важечките закони и стандарди во насока на заштита на интересите на своите потрошувачи KAM веднаш отпочна постапка за испитување на случајот и негово расветлување, а предметниот производ е во целост повлечен од сите наши маркети до разрешница на предметот со соодветен акт од страна на надлежните инспекциски органи.

Компанијата КАМ по повод овој случај веднаш се обрати и до производителот кој исто така подлежи на постојан надзор од националните служби за исправност на храната во Република Србија и произведува согласно посочените стандарди кои го штитат здравјето на потрошувачите.

По остварената комуникација со реномираниот производител на замрзнати производи беше известена дека согласно воспоставените европски контролни системи практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на производот имајќи го во предвид строго контролираниот тек на процесот на производство и поради тоа останува отворен за официјална истрага базирана на документите од надлежните инспекциски органи во нашата држава.

Во оваа насока, со цел доследно документирање и професионално обработување на овој случај КАМ ги повика надлежните инспекциски служби да ја проверат информацијата и транспарентно во интерес на вистината, случајот да се истражи до крај.

По утвдувањето на фактичката состојба ќе може да се преземат соодветните законски мерки со цел правилно информирање на јавноста, заштита на интересите на потрошувачите, но и интересите на засегнатите компании и пред се зачувување на искрено воспоставената доверба спрема маркетите на нашата компанија“, се вели во реакцијата на КАМ.

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...