27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветСеверна Кореја соопшти дека сè уште нема случаи на коронавирус

Северна Кореја соопшти дека сè уште нема случаи на коронавирус

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Северна Кореја и во последниот извештај до Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нема случаи на зараза со COVID-19 и оти сè уште совршено успева да го спречи вирусот да влезе во земјата.

<

На почетокот на пандемијата пред повеќе од една година, изолираната држава ги опиша своите напори да спречи влегување на вирусот „како прашање на национално преживување“.

Пјонгјанг ги затвори границите, забрани доаѓање на туристи, а странските дипломати ја напуштија земјата. Северна Кореја продолжува строго да го ограничува прекуграничниот сообраќај и стави во карантин десетици илјади луѓе кои имале симптоми на заразата.

Пјонгјанг тврди дека не е регистриран ниту еден случај на COVID-19, за што постои големо сомневање со оглед на слабата здравствена инфраструктура и порозната граница со Кина.

Едвин Салвадор, претставник на Светската здравствена организација во Северна Кореја, информира дека земјата пријавила оти тестирала 23.121 лице за коронавирусот од почетокот на пандемијата до 1 април и оти сите резултати биле негативни.

Според Северна Кореја, 732 лица биле тестирани од 26 март до 1 април.

Официјални претставници на СЗО изјавија дека Северна Кореја повеќе не ја известува агенцијата на ОН за бројот на луѓе што ги става во карантин со сомнителни симптоми.

Северна Кореја вчера соопшти дека ќе ги прескокне Олимписките летни игри во Токио со цел да ги заштити спортистите од светската здравствена криза предизвикана од COVID-19.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...