9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев не можеше повеќе да ја крие неговата хуманост и добрина: 1.000.000...

Заев не можеше повеќе да ја крие неговата хуманост и добрина: 1.000.000 денари за помош за обнова на изгорениот дел од трговскиот центар „Глобал“

spot_imgspot_img

Премиерот Зоран Заев повеќе не ги крие донациите. Објави две во анкетниот лист. Едната е во износ од 1.000.000 денари за помош за обнова на изгорениот дел од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, а другата е 770.000 денари за Министерството за здравство.

Владата во јануари им порача на државните институции, јавните претпријатија и на општините да му помогнат на Здружението „Обнова за Глобал“ за да се реконструира опожарениот дел од струмичкиот шопинг-центар, а Заев иако најави, не откри со колку лични средства ќе излезе во пресрет.

Износот од донацијата за Министерството за здравство е делот на премиерот од Хесенската мировна награда, која ја доби со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, во висина од 12.500 евра, и истата ја уплати на крајот на февруари во Солидарниот фонд за справување со ковид-19.

За ова министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил јавно му упати благодарност на Заев. Инаку од владината алатка на која може да се види кој колку донирал во солидарниот фонд, има податоци само до јули 2020 година, а до тогаш физичките лица во финансискиот дел вкупно донирале 25,5 милиони денари.

Минатата година Заев донираше и амбулантно возило за потребите на струмичката болница, откако директорот на болницата преку социјалните мрежи побара граѓаните да донираат пари за набавка на возило за транспорт на ковид-пациенти, но податоци за ова нема во анкетниот лист.

„Премиерот Заев приватно, лично и преку своето семејство, по пат на солидарност, има помогнато на многу граѓани и семејства што имале потреба да обезбедат минимум средства за основните животни потреби. Премиерот Заев нема пракса јавно да ги објавува и коментира своите лични донации“,гласеше досегашниот вообичаен коментар од премиерскиот кабинет.

Ако се погледне кај анкетните листови на другите функционери кои ги пријавуваат во Државната комисија за спречување на корупција, речиси и да нема таков кој ги објавил евентуалните донации како личен имот.

А.К. Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...