14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветСеверна Кореја соопшти дека сè уште нема случаи на коронавирус

Северна Кореја соопшти дека сè уште нема случаи на коронавирус

spot_imgspot_img

Северна Кореја и во последниот извештај до Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нема случаи на зараза со COVID-19 и оти сè уште совршено успева да го спречи вирусот да влезе во земјата.

На почетокот на пандемијата пред повеќе од една година, изолираната држава ги опиша своите напори да спречи влегување на вирусот „како прашање на национално преживување“.

Пјонгјанг ги затвори границите, забрани доаѓање на туристи, а странските дипломати ја напуштија земјата. Северна Кореја продолжува строго да го ограничува прекуграничниот сообраќај и стави во карантин десетици илјади луѓе кои имале симптоми на заразата.

Пјонгјанг тврди дека не е регистриран ниту еден случај на COVID-19, за што постои големо сомневање со оглед на слабата здравствена инфраструктура и порозната граница со Кина.

Едвин Салвадор, претставник на Светската здравствена организација во Северна Кореја, информира дека земјата пријавила оти тестирала 23.121 лице за коронавирусот од почетокот на пандемијата до 1 април и оти сите резултати биле негативни.

Според Северна Кореја, 732 лица биле тестирани од 26 март до 1 април.

Официјални претставници на СЗО изјавија дека Северна Кореја повеќе не ја известува агенцијата на ОН за бројот на луѓе што ги става во карантин со сомнителни симптоми.

Северна Кореја вчера соопшти дека ќе ги прескокне Олимписките летни игри во Токио со цел да ги заштити спортистите од светската здравствена криза предизвикана од COVID-19.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...