21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаKрива Паланка на нозе: Пет дена ни трага ни глас, од 78...

Kрива Паланка на нозе: Пет дена ни трага ни глас, од 78 годишната бабичка.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Веќе пет дена трае потрагата по исчезнатата жена од кривопаланечкото село Конопница, која е пријавена за исчезната откако во петокот, 2 април, се оддалечила во непознат правец од сопствениот дом.

<

Од семејството Ѓоргиевски апелираат сите граѓани што имаат каква било информација да ги контактираат.

Во потрагата од вчера, во координација со Министерството за внатрешни работи, се вклучени тимови од локалната самоуправа, од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, од Црвен крст Крива Паланка, Одделение за внатрешни работи Крива Паланка и граѓани.

– На ден 2 април 2021, околу 14 часот, во околината на село Конопница, Крива Паланка, исчезната е Цветанка Ѓоргиевска. По неколкудневна неуспешна потрага, од вчера вклучени се претставници и теренски моторни возила од Општина Крива Паланка, ЈП Комуналец, ДЗС, ЦУК, ТППЕ Крива Паланка, ОО Црвен Крст, ОВР Крива Паланка, РЦ Север, поединци и граѓани. Во текот на денот во пребарувањето се вклучи и дрон технологија. Се апелира сите кои имаат некаква информација да ја споделат навремено. Личноста има 78 години и беше во добра витална состојба, информираат членовите на семејството.

Оттаму посочуваат доколку некој ја видел или ја види, да пријави во надлежните институции.

И старешините од Извидничкиот одред „Наум Наумовски -Борче” од Крива Паланка се вклучија во потрагата, формирајќи тим за спасување и потрага по исчезнати лица, кој предводен од искусни извидници ќе врши ребарување на терен со цел пронаоѓање на исчезнатата.

Апел до граѓаните на Крива Паланка. На ден ( 02.04.2021) околу 14:00 часот, Цветанка Ѓоргиевска е исчезната во околината на с.Конопница, област Славиште.
Има 78 години,ако некој ја видел или ќе ја види ве молам контактирајте на 078485076
071929728

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...