23.9 C
Ohrid
понеделник, септември 20, 2021
Почетна Македонија Министерот Спасовски кој тврди дека знае ромски заборави да им го честита...

Министерот Спасовски кој тврди дека знае ромски заборави да им го честита празникот на Ромите со “Te ovel emenge bute bershenge”

Translate (Eng):[gtranslate]

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој тврди дека знае Ромски
јазик годинава заборави на Ромите да им го честита светскиот ден на Ромите на
нивниот јазик.
Минатата година пред изборите Спасовски сними видео во кое на ромски јазик го
честиташе денот но годинава заборави да честита на јазикот на најзагрозената
заедница во Македонија.
Како честиташе лани Спасовски..

Како Спасовски годинава честиташе
Дозволете ми во свое име и во име на сите вработени во МВР на сите наши
сограѓани од ромска етничка припадност во Република Македонија да им го
честитам Светскиот ден на Ромите и да им посакам здравје и успех во животот, со
јасната и недвосмислена порака дека Република Македонија е наша заедничка
татковина, која почива на темелите на почитување на човековите права, на соживот
и толеранција, на мултикултурното и мултиетничко општество. Колку повеќе љубов
и разбирање негуваме меѓусебно, толку повеќе докажуваме дека го почитуваме
аманетот на нашите предци и ја преземаме одговорноста да ја развиваме врз
поставените темели, за нас и за идните поколенија.

Конечно, реалното богатство или квалитет на едно општество, всушност, се сите
негови граѓани. Уверен сум дека имаме доволно и знаење и умење, но и што е
особено важно – волја – во овој поглед да продолжиме со воспоставување
стандарди и критериуми, што на сите граѓани ќе им овозможат подеднакви услови
во нивната потрага за себеостварување, за лични и професионални перспективи. Да
продолжиме со реализирање на драстични позитивни акции, отворајќи го системот и
општеството за сите наши граѓани, вклучително и нашите сограѓани Роми во
остварувањето и уживањето на со законите загарантираните права. Ако сакаме
силна држава ќе подадеме рака на секого!

РЕКЛАМА

Извор: Ехспрес.Мк

- Реклами -