14.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПроф. Д-р. Драган Даниловски: Вакцините ми даваат надеж, крајот на пандемијата се...

Проф. Д-р. Драган Даниловски: Вакцините ми даваат надеж, крајот на пандемијата се гледа..

Проф. Д-р. Драган Даниловски гостувајќи во Студио 10 на ТВ24 истакна дека имунизацијата е мал зрак за надеж дека наскоро ќе излеземе од оваа ситуација. Тој напомена дека крајот на приказната се гледа и дека треба со што помалку солзи да стигнеме до крајот.

Според Даниловски ентузијастот на нашите доктори е голем затоа што до крај се борат да немаме луѓе со траги*ен епилог по ходниците, со легла исто така немаме проблем и едноставно останува на нас граѓаните да помогнеме во епилогот на ова планетарно искушение.

„Ние не сме Германија, кога тие вложуваа во единици за интензивна нега, од ЕУ им замеруваа зошто вложуваа толку многу во тоа. Затоа сега се комотни. Но и покрај тоа воведуваат рестрикции затоа што размислуваат 100 чекори понапред. Тоа е разликата од нашиот систем.

Иако ние имаме огранични можности, јуначки се носиме со предизвикот. Ентузијастот на нашите доктори е голем. Со легла нема да имаме проблем. Единствено останува ние како граѓани да помогнеме и во епилогот на ова планетарно искушение. Крајот на приказната се гледа, да се воздржиме во егоизми, со што помалку солзи да стигнеме до крајот.

Половина од нашата нација е во контакт со заразата, и без имунизацијата, да ги испочитуваме мерките. Да го задржиме здивот, да сопре се, за да сопре и болката“ – рече проф. д-р Драган Даниловски во Студио 10 на ТВ24.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...