26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаАнета Молика: Не знам дали короната е во музиката – не ми...

Анета Молика: Не знам дали короната е во музиката – не ми е јасно како може во маркет, а не во кафана

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега, зборуваме за периодот пред ситуацијата со вирусот.

<

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.Можно е да е слика од 1 лице

Таа вели дека иако е многу тешко да се издржи овој период без нивните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

„Главна тема е ова што ни се случува, оваа ситуациај. За жал многу ни смета, еве моите колеги кои гостувале во вашите емисии и другите секогаш првото што се споменува е ковидот. Многу ни смета, бидејки нас музиката ни е добро утро, добар ден, добра ноќ, меѓутоа некако се справуваме“, изјави Анета Мицевска утрово во „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ и додаде:

Можно е да е слика од 1 лице
Продолжуваме, некако по дома пробуваме или некои гостувања, снимане, постојано сме со музиката. Тоа никој не може да го одземе од нас, музиката и песната. Се трудиме да бидеме активни, на социјалните мрежи да не не заборават.

На некој начин на нашите фанови и помагавме на полесен начин да го пребродат сето ова, нонстоп бевме активни со лајв емисии на социјални мрежи од под дома. Музиката нема границ и нема крај, со песна може се да се помине полесно.

Не можеме да правиме планови, искрено мислевме дека оваа година ќе се среди цела ситуација и ќе почне да работиме. За жал сите планови ни пропаѓаат, не може да планираме да снимаме песни, албуми. Жалносно е што се друго функционира, а музиката не функционира.

Некако не знам дали короната е тука во музиката, нема никаков проблем ако музиката си седи така во некој ќош и луѓето само да слушаат музика, нормално како што слушаат од радио, од цд. Не ми е јасно како во маркетите има гужва, нема дистанца, ништо не се почитува освен маската што се носи, а во кафана е забрането.

Стварно не ми е јасно меѓутоа тоа се протоколи кои треба да ги почитуваме и ги почитуваме. Значи очигледно дека ги почитуваме, веќе еве цела година сме без работа. На 8-ми март лани беше нашата последна свирка и од тогаш немаме ништо. Ние сме трпеливи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...