21.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаМкд.мк За три години полека но сигурно станавме „северномакедонци“, Министерството молчи

Мкд.мк За три години полека но сигурно станавме „северномакедонци“, Министерството молчи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се сеќава ли уште некој дека во јуни 2018, по потпишувањето на Преспанскиот договор, македонското Министерство за надворешни работи објави упатство со кое новинарите беа љубезно замолени да употребуваат Македонци, а не северномакедонци, да употребуваат македонски, а не северномакедонски… Тогашниот министер за надворешни работи Никола Димитров гордо изјавуваше дека тие како министерство ќе реагираат на секое непочитување на ова упатство. Безмалку три години потоа се обвистинија сите предупредувања дека со новото име Северна Македонија природно на сите јазици ќе си дојде и „северномакедонско“ или „северномакедонци“.

<

Во последниов период во неколку наврати се обидовме од Министерството за надворешни работи да дознаеме дали ова упатство (кое сѐ уште е на интернет страницата на МНР) се почитува, колку пати годинава МНР реагирало на негово непочитување, некаква статистика, број на корекции направени по нивна интервенција… Молк. Одговор од МНР нема.

Ако во 2018 година МНР беше агилно во реакциите до светските редакции во однос на таквото непочитување, со текот на времето македонскиот претседател насекаде стана „шефот на северномакедонскара држава“, претседателот на Владата „северномакедонскиот премиер“, армијата „северномакедонската армија“, „северномакедонската фудбалска репрезентација“ итн.

 

Eве што пишува во упатството на МНР: „…се молат новинарите да ги употребуваат следните термини: „Република Северна Македонија или кратко име: Северна Македонија; националност (државјанство) – македонско/граѓанин на Република Северна Македонија; oфицијален јазик -македонски јазик; кодови за земјата – МК и МКД. Придавката „македонски/o/a да се употребува кога е поврзано со етнички и културен идентитет за народот, нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и останати особености. Ваквите термини во овој контекст се особено различни од оние што се употребуваат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција. Други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат. Придавната форма за државата, нејзините официјални органи и другите јавни институции, како и приватните ентитети и актери што се поврзани со државата, воспоставени со закон, и уживаат финансиска поддршка од државата за активности во странство, треба да биде: „на Република Северна Македонија” или „ Северна Македонија”. Придавните форми за активности исто така можат да бидат „македонски/о/а”. Правилни примери: македонска економија, здравствен сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска архитектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија… Неправилни примери – други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат во овие случаи“.

Упорното продолжување на употребата на придавката „северномакедонски“, заедно со упорниот молк и нереагирање од македонското МНР во однос на непочитување на сопственото упатство, едноставно веќе ја воспостави навиката тоа така и да биде. И никому ништо. Нема реакција. Има само молк за уште еден дел од непочитувањето на Преспанскиот договор.

Извадок од статијата на мкд.мк линк до целосниот текст мкд.мк

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...