14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОткако откривме дека во Македонијa има двојни матични броеви, се сомневаме дека...

Откако откривме дека во Македонијa има двојни матични броеви, се сомневаме дека лани изборите беа наместени.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ објаснува дека предноста на СДСМ е само 12 000 гласа, така што, според него, ако луѓето со двојни матични броеви гласале двапати, тоа значи дека околу 40 000 гласа се фалсификувани
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска изрази сомневање во регуларноста на ланските предвремени парламентарни избори, откако неговата партија брифираше дека над 20 илјади лица во земјава имаат два или повеќе матични броеви, за што дојде и потврда од МВР, со објаснување дека станува збор за проблем што датира од пред 40 години и на чие решавање интензивно се работи.

Според Николоски, аферата со двојните матични броеви отвора и друга димензија, а тоа е регуларноста на последните парламентарни избори. Тој објаснува дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е само 12 000 гласа, така што, ако ако луѓето со двојни матични броеви гласале двапати, тоа значи дека околу 40 000 гласа се фалсификувани.

Николоски проценува дека ако се одземе од тие 40 000 гласа разликата од 12 000, со кои ВМРО-ДПМНЕ изгуби на изборите, се добива бројка од околу 30 000 гласа, колку што предвидувале сите анкети за победа на ВМРО-ДПМНЕ.

„Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беше само 12 000 гласа и да ја потсетам целокупната македонска јавност дека сите анкети пред изборите предвидуваа победа на ВМРО-ДПМНЕ. Логичното прашање што се поставува е дали овие 20 000 луѓе гласале по двапати и дали на тој начин се исфалсификувани околу 40 000 гласа. Ги повикувам надлежните институции да го испитаат ова и да ја испитаат регуларноста на изборите. Доколку тоа не го направат, случајот ќе го испита новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по предвремените парламентарни избори што, се надевам, дека ќе се случат заедно со локалните“,

изјави Николоски при посета на Прилеп.
Николоски информираше и дека ВМРО-ДПМНЕ почнува со селекција на кандидати за градоначалници низ целата држава.

Почнуваме еден процес на селекција не само за Прилеп, туку за целата држава. Прилеп ни е во приоритетите затоа што се работи за еден од најголемите градови во Македонија и град во кој очекуваме убедлива победа. Можам да најавам дека во текот на летото ќе ги соопштиме и кандидатите за градоначалници и кандидатите за советници. Имаме еден поширок пристап и нема да се ограничиме само на партиски луѓе“,

рече Николоски.

360 степени

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...