16.9 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаМакедонијаMилован има болест на белите дробови, барал подобра работа но добил отказ...

Mилован има болест на белите дробови, барал подобра работа но добил отказ !! (ВИДЕО)

Борбата за сопственото здравје во Македонија доведува и до откази од работа. Милован Матовиќ кој со години се бори со хронична болест на белите дробови и алергии од почетокот на панедемијата бара правда и подобри услови за работа во општина Кисела Вода доби отказно решение.Тој за Алфа раскажува за мобингот кој го трпел со месеци наназад од страна на претпоставените односно од секретарот Александар Алексовски.

 

“Инсистирав да дојде тој тоа го одбиваше, иако му кажав дека се работи за живот и за здравје. Oтидов во неговата канцелаија при што дојде и до инцидент. Потоа неговото самоволие проодлжи.. и незаконски ме суспендираше. Поради неговото малтретирање јас завршив еден месец на боледување. Тој поднесе суспензија покрена и дисциплинска постапка и кога првиот ден се вратив истата ми беше врачена. Со зборовите не смееш тука да стапнеш не ми дозволуваше да влезам во општината, кога побарав од приемно и чекав во чекалната ме избрка и ми рече овде немаш право да бидеш во овие простории.” – изјави Милован Матовиќ

Матовиќ обвинува дека нема законска основа за неговиот отказ.

“Партиска комисија од 5 члена – ново вработени, меѓу кои едниот беше вработен само десет месеци донесоа одлука со која на градоначалникот му предложија мое отпуштање од работа и вчера го добив решението за отказ. Само затоа што барав да бидам заштитен по протоколите на кои цело време се отповикуваат властите не само за мене туку и за сите вработени.“ – вели Матовиќ.

Матовиќ се жали дека не можел ни да се брани од неправдата врз него.

“Раководителот на сектор , жената негова е братучедка на граодналаникот.Секретарот кој треба да ги брани работничките права истовремено е и секретар во општината и е претседател на Синикатот.Под тие услови немав услови за правда , институциите не реагираат ,од трудова инспекција не добив одговор.” – кажува тој.

Инаку, Милован Матовиќ во општина Кисела Вода работи како административец цели 15 години. Тој сите овие месеци бараше да биде заштитен од лошите услови за работа во ек на пандемија за на крај да остане без работа.

Алфа телевизија

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заев го прослави својот 50-ти роденден со торта во форма на мотор !!

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, вчера го прослави својот 50-ти роденден на приватна забава во кругот на семејството и најблиските...

Исплатена е добивката од 1,7 милиони евра, добитникот е од Охрид !!!

Од Државна лотарија на Република Македопнија информираат дека е исплатена најголемата досега, рекордната 7-ка вредна 1.700 000 евра, или 109.012.304 денари. Добитникот е од Охрид...

Теа од Куманово ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум во Мексико

Теа Георгиевска од Куманово ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“ кој идниот месец ќе се одржи во Мексико. Титулата Мис...

Ристовски: Познатите спортисти во Македонија нема повеќе да рекламираат казина и спортски обложyвалници.

Познатите спортисти кои досега рекламираа обложувалници или казина, во иднина нема да го прават тоа. Ова го изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Станува збор...