16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарски „24 Часа“: И Охрид да ни го дадеше, Заев немa да...

Бугарски „24 Часа“: И Охрид да ни го дадеше, Заев немa да добие согласност за преговори

spot_imgspot_img

Како коленичење, ја оцени во видео колумна бугарскиот медиум “24 Часа”, посетата на премиерот Зоран Заев на Софија и обидот да се најде решение за блокадата на Македонија.

Додека медиумите блиски до техничката влада и претседателот Румен Радев се воздржуваат од навредливи коментари, тие блиски до развластениот ГЕРБ продолжуваат да создаваат омраза на релација Скопје и Софија, иако Бојко Борисов на средбата со нашиот премиер се престави како најзагрижен за нашиот пат во Европската унија. Па, така, тврдејќи дека Бугарија можела досега да ја преземе Македонија со камиончињата за кренвишли полни со вакцини „Фајзер“ место само да ги ветува од јануари, новинарот Виктор Иванов од “24 Часа” ги омаловажува преговорите во Софија, иако не ја штеди ни бугарската страна.

Според него, откако сакал да добие избори врз грбот на Бугарија, премиерот Зоран Заев дошол да моли во Софија за да може да однесе позитивна вест во Македонија. Но, според него, по се што се случува, и Охрид да го дал на поклон, немало да добие поддршка за преговорите со Унијата. Тој неуспехот на преговорите сепак го смета како резултат на „македонско самоглавие и бугарска тапост“, запрашувајќи се зошто Бугарија упорно се однесува со Македонија како да и е љубовница, т.е. ја гали место да ја казнува. Според него, проблемот е што тие што немаат иднина живеат во големината на сопственото минато, ставајќи ги во ист кош нашата и неговата држава, па заклучува дека поради тоа 7 милиони „голтари“ си играат со два милиони други „голтари“, а само со прославеното камионче во Бугарија, каде што вакцините ги превезува компанија за транспорт на виршли, ќе се решел проблемот со нашата држава.

Реакцијата на медумите во Бугарија по посетата покажува дека единствено што се смени по изборите и во пресрет на идните во јули е дека сега политичките партии нема да собираат поени напаѓајќи ја директно Македонија туку напаѓајќи се меѓусебно и никој нема да има интерес да ја донесе политичката одлука. Проценките во Софија се дека ни следните избори нема да донесат промена, дека влада нема да биде формирана и дека решението ќе се бара на трети избори. Внатрешната политичка пресметка главно ќе се води околу корупцијата, а до конечната разврска ќе не тешат со „прозорецот на можности“ што го виде премиерот Стефан Јанев и со обидот да се намали анимозитетот кон Македонија и Македонците – што сега се чувствува силно на улиците на Софија во комуникација со граѓаните.

 

извор: Република

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...