22.8 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЖивотот им виси на конец на 140 наши сограѓани коишто чекаат трансплантација...

Животот им виси на конец на 140 наши сограѓани коишто чекаат трансплантација на органи.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Животот им виси на конец на 140 наши сограѓани коишто чекаат трансплантација на органи. Некои од нив можат да го загубат животот во чекање бидејќи во Македонија има недостиг од донори. Главна причина за овој проблем е неразвиена свест кај населението дека со дарување органи може да се спаси нечиј живот. Процесот на трансплантација го отежнува и несоодветната регулатива.

<

Трогателна е приказната што ја раскажува Зоран Неделковски, татко на Кристијан кој почина на 31 година. Тој е еден од шестмината пациенти со вештачко срце кои починаа минатата година.

Вештачкото срце е само привремено решение за пациентите додека не се најде донор

Се почнало во раното детство, кога лекарите откриле дека има проширено срце. Во 2011 година здравјето на Кристијан многу се влошило. Лекарите од Универзитетската клиника во Берлин му вградиле вештачко срце со две пумпи.

„Сам му правев преврски, сам физикална терапија, со капалка му давав да пробува јадење, да не изгуби чувство за вкус. За една година го кренав на нозе. Одевме на пица, на вечера во ресторан, на одмор, се дружевме, сакав моето дете да има колку – толку нормален живот. На шест месеци одевме на контрола во Берлин. Оттаму јасно ни кажуваа дека вештачкото срце е привремено решение. Треба да се направи трансплантација, да се отстрани пумпата и да добие срце. Во Македонија знаев дека тоа тешко ќе се случи. Неколку пати го носев во Хрватска. Му правеа испитувања и ми рекоа дека не е проблем да му трансплантираат срце, но нашите министерства ќе треба да потпишат договор за соработка“, вели Неделковски.

Затворени врати
Иако тропнал на многу врати, сите останале затворени. Сам го финансирал лекувањето на синот. Неделковски вели – се снаоѓав, за животот на моето дете се работеше, немав време да чекам бирократски процедури и на крај да добијам негативен одговор.

„Јас го изгубив моето дете, но овие деца што останаа мора да им помогнат. Тоа ми е желба. Може на некој ќе му звучи сурово, нечовечки, кога ќе кажам дека посакувам да им најдат срце, тоа значи дека некој ќе го загуби животот. Детето ми беше болно, па никому не посакував смрт. Но за жал несреќи се случуваат. Сообраќајки посебно. Само не треба да се дозволи во таков случај да не се спаси друг живот“, вели Неделковски.

Скопјанката Емилија Христовска – Костовска му беше пријателка на Кристијан. Разменувале информации за лекари и интервенции. Таа има 39 години, срце кое работи само 19 проценти и список на нешта кои ќе ги реализира 100 проценти, кога ќе добие ново. Надежта и добрата енергија ја одржуваат во живот. Родена е со срцева мана. Прв пат хируршка интеревнеција имала на само две години, во лондонска универзитетска клиника. И потоа се ределе операциите. Вкупно пет, од кои три на отворено срце. Таа не се жали. Вели, да беше се во ред, можеби немаше да го видам Лондон.За повеќе детали на Само Прашај

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...