18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаНа Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение...

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото Воскресение, која е дел од неговиот проект „Желба“.

<

Преку инструменталната музичка композиција, во првиот дел со звукот на лирата се претставени Христовите страдања и Неговото погребение, доловувајќи ги моментите на Страсната Седмица. Потоа преку звукот на перкусиите и останатите инструменти започнува Воскресната радост со препознатливата мелодија Христос воскресе, вели Горан за Охрид Прес за неговото музичко дело- кое можете да го погледете Тука https://youtu.be/CMR9fvW25rE?si=l_xaF9BfrnUSVQrm
.
.
Во првиот дел на композицијата се среќаваме со Христовите Страдања и за таа цел испраќам благодарност до Бигорски манастир кои кога слушнаа дека работам ваков сериозен проект ми овозможија да добијам кадри од тие посебни служби од нивната архива за со цел да се долови секој момент, а потоа во вториот дел на композицијата веќе влегуваме во најголемата радост на Христовото воскресение.

Сакам исто така да искажам благодарност и до Дебарско Кичевска Епархија што ми овозможи со благослов да се снима во преубавата црква Пресвета Богородица Перивлепта Охрид со најстарите велелепни фрески на Балканот.

Со ова видео праќам една порака до сите, да имаат здравје, љубов, мир и секогаш да ја носат Божјата благодат со радост, впрочем и тоа ми беше целата замисла за оваа композиција, бидеќи и сами знаеме во какво време живееме.
Повеќе имаме тага од радост, а тоа е така затоа што сме далеку од Бога, па затоа еве ова видео нека биде порака до секој да се љубиме, да имаме мир и секогаш да го носиме Христос Бог во нашите срца.

Би сакал да ве поздравам сите со радосниот поздрав – Христос Воскресе-Навистина Воскресе и се надевам дека оваа мелодија ќе влезе во сечиј дом и ќе ја пренесе радоста на Христовото Воскресение, вели Горан За Супер радио и OhridPress.

Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...