23.1 C
Ohrid
петок, јули 30, 2021
Почетна Македонија Се роди теле со две глави во Битола. (Видео)

Се роди теле со две глави во Битола. (Видео)

Translate (Eng):[gtranslate]

Во битолското село Лажец се родило двоглаво теле. Младенчето засега е живо и се однесува нормално, согласно состојбата во која се наоѓа.

Телето, како што пренесува на Гласот на Америка, има споени черепи, два пара очи, две усти, две уши. Дише регуларно, цица млеко и полека се исправува на нозе.

Телето се родило во петокот вечерта, на 16 април, во одгледувалиштето на фармата „Натали 2005“, а на свет дошло живо со помош на ветеринарите од амбулантата „Филипов“ од селото Кравари.

РЕКЛАМА

- Реклами -