16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСрпскиот Институт „Торлак “ќе биде нашиот стратешки партнер за набавка на вакцини,...

Српскиот Институт „Торлак “ќе биде нашиот стратешки партнер за набавка на вакцини, најави Филипче

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска во Белград имаше средба со неговиот српски колега Златибор Лончар изјави дека договориле Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да биде стратешки партнер на Македонија за набавка на вакцините против корона вирусот.

<

-Договоривме Институтот за вирусологија „Торлак“, во периодот што е пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане и сезонска и имајќи го сега сето ова искуство и проблемите што ги имавме со набавката на вакцините досега, на ваков начин да ги надминеме таквите проблеми, потенцира Филипче.

Истовремено Филипче изрази благодарност за досегашната соработка со Србија во однос на вакцините, односно донациите од страна на Србија за нашава земја. Посебно се заблагодари на министерот Лончар, на српската премиерка Ана Брнабиќ и посебно на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Благодарејќи на тие вакцини ние почнавме со процесот на имунизација и сега се вакцинирани сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите, потоа дел од вработените во полицијата, Армијата, судовите итн. Дозволете да ја изразам и благодарноста што Србија ја отвори ширум вратата да бидат вакцинирани и наши граѓани заедно со српските граѓани овде во Србија и со тоа направи голем чин на пријателство посебно во временскиот период кога никогаш во светот вакцините не стигнуваат ниту со потребна, ниту со посакуваната брзина, а тој процес Србија навистина го реши феноменално, нагласи Филипче.

А.Б. Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...