30.9 C
Ohrid
вторник, јули 16, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски е новиот Фејзбук премиер?!- Несфатливо е задолжителнето предвремено пензионирање за мажите...

Груевски е новиот Фејзбук премиер?!- Несфатливо е задолжителнето предвремено пензионирање за мажите на 64 години и за жените на 62.

Несфатлива е намерата на власта за задолжително порано пензионирање на вработените мажи на 64 години а жени на 62 години, од досега дадената можност мажите да можат да одберат да се пензионираат помеѓу 64. и 67. година а жените помеѓу 62. и 65. година на старост од животот.
1. Со развојот на медицината, фармакологијата и генерално технологијата, просечниот човеков живот во светот, особено во Европа и Америка се продолжува. Речиси сите држави постепено во минатите 15-20 години одат на одложување на пензионирањето. Тоа е трендот и тоа има причина.
2. Ако некој се чуствува здрав и работоспособен зошто мора на 62/64 години да оди во пензија и да биде трошок на државата односно на пензиските фондови? Зошто да не му се даде можност да се пензионира три години подоцна ако самиот така избере, со што не само што нема да е трошок туку ќе допринесува во пензиските фондови, во здравствениот фонд итн, ќе се чуствува попријатно и по исполнето, а со своето искуство ќе допринесе во средината каде работел.
3. Ако идејата е како што некој кажа да се отвориле работни места за помладите, тогаш тоа е прилично погрешен начин на отворање работни места за помладите. Таквите работни места се отвораат со создавање услови од многу аспекти за раѓање на нови бизниси и проширување на сегашните, како и привлекување на странски директни инвестиции.
По оваа логика ако се донесе закон со задолжително пензионирање на 55 години веројатно целосно ќе го решиме проблемот со невработеноста но ќе отвориме многу други проблеми, а пред се проблемот на колабирање на пензискиот фонд, или огромни нови трансфери од буџетот во пензискиот фонд, што ќе доведе до одкажување на многу други проекти финасирани од буџетот, и не случајно ниту една земја во светот на вака вештачки и социјално и финасиски штетно решение не ја решава невработеноста.
4. Владата која ја предводев и покрај две големи светски/европски економски кризи и една голема домашна политичка криза, успеа да создаде услови да се отворат нови 182 илјади работни места.
При нашето доаѓање на власт во земјата имаше само 560 илјади вработени а при заминувањето 742 илјади вработени.
Наместо намалување на старосната граница за пензионирање ги следевме примерите на други држави, како Германија на пример, каде пензионирањето тогаш беше на 67 години, но заради сеуште многуте трудоинтензивни дејности во Македонија и реалната истрошеност на дел од вработените во тие сектори оставивме можност да може да се бира од самиот вработен пензионирање за мажи помеѓу 64 и 67 години и за жени помеѓу 62 и 65 години. Од она што се сеќавам повеќе од вработените одбраа да го одложат пензионирањето а помалку од вработените одбраа да се пензионираат на 62/64.
Меѓу другото затоа што пензиите вообичаено се пониски од платите, а во услови кога здравјето не преставува проблем за работата, поголемите социјални контакти и можноста да се остане активен, се предност.
5. Државниот пензиски фонд функционира на начин што освен придонесите кои ги прибира, секогаш редовно месечно добива трансфери од буџетот. Истиот веднаш би се нашол во ситуација да не може да исплаќа пензии доколку нема редовни месечни дотации (трансфери) од централниот буџет и можеби околу половина од парите во овој фонд доаѓаат од централниот буџет.
И наместо да се трудиме државниот пензиски фонд што помалку да има потреба од трансфери од буџетот, Македонија оди во обратна насока. Наместо се повеќе пари да одат за капитални инвестиции, или нешто друго корисно за сите, парите од буџетот се повеќе ќе се исплаќаат на луѓе кои можат, знаат како, и сакаат да работат и луѓе чии врсници во повеќето земји во Европа работат.
Имам целосно разбирање за оние со тешка работа, истрошеност и нарушено здравје, кои едвај чекаат да дојдат до пензија и кои ќе ја искористат можноста за пензионирање на 62/64 години старост.
Но, зошто преку 10.000 луѓе годишно кои сакаат да работат и од својата плата секој месец да допринесат со најмалку 800 илјади евра придонеси месечно во државниот пензиски фонд (околу 10 милиони евра годишно), да мора да седат дома и наместо од нивните плати во фондот за пензиско да влегуваат годишно околу 10 милиони евра, од истиот да излегуваат околу три милиони евра месечно, односно 36 милиони евра годишно.
6. Сегашниот предлог закон нема ниту економска оправданост ниту социјално-здравствена, а најмалку верувам дека ќе се вработат младите.
Местата во државниот сектор ќе бидат пополнети со партиски кадри на власта од различна возраст и на тоа ќе се сведе се.
Ова не е битка за младите. Ако се водеше за нив битка ќе се донесеа најмалку 200 нови фабрики од странство и ќе се помогнеше на илјадници домашни фирми да отворат нови работни места.
Ова е битка за задоволување на партиските кадри, пред се со вработувања во админситарацијата.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместен случај: Од „претепано“ бебе, до казни и стресови за медицинската сестра, на крај работата ќе заврши со „недоразбирање“

Веќе неколку денови во јавноста се врти приказната за „претепаното“ тримесечно бебе на скопската Клиника за детски болести од страна на медицинска сестра, но...

Камерите во Скопје уклучени- Први казни заработија полициски службеници !

МВР денеска објави снимки и информација дека тројца полицајци се гонат затоа што на возач наместо да му пишат казна за сообраќаен прекршок му...

Започна обединувањето на Македонците во Албанија.

Започна обединувањето на Македонците во Албанија. Прогласо на "Друштвото Преспа " го потпишат македонското друштво "Илинден" Некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, во името на Друштво...

Кај браната Градче пронајдена е мртва 26 годишна кочанчанка

Вчера во 20:13 часот во полициската станица Кочани, од Јавното претпријатие Водостопанство било пријавено дека на подножјето на браната Градче било пронајдено тело на...