10.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаБошко Илиев, лекар специјалист на свои 56 години го преплива Стрежевското Езеро

Бошко Илиев, лекар специјалист на свои 56 години го преплива Стрежевското Езеро

spot_imgspot_img

Бошко Илиев, лекар специјалист по спортска медицина од Кавадарци и љубител на пливањето и спортот воопшто, на 56-годишна возраст денеска го преплива Стрежевското Езеро кај Битола. Ова е 13. езеро во земјава кое го препливал или каде што имал настапи во маратонско пливање. Неговата замисла е да ги преплива сите природни езера и вештачки акумулации во Македонија.

„Ги сакам Македонија и пливањето. Имаме прекрасни дестинации за пливање и други спортови. Ако Хрватска има море, Србија реки, ние имаме прекрасни езера и треба да ги ползуваме за спорт и рекреација. Мојата цел е да го промовирам пливањето како еден од најздравите спортови, да го промовирам спортот и да им дадам мотив на младите што повеќе да спортуваат“, рече Илиев.

Со маратонско пливање активно се занимава 20 години. Денешниот му беше 93. маратон досега, од кои 71 меѓународен и 22 домашни. Во Стрежево пливаше во делот за рекреативци и патеката од околу седум-осум километри во двата правци ја помина за два и пол часа.

„Не ме загрижува тоа што Стрежевското Езеро е вештачко. Струењата не ги чувствувам, а денес беше посебно мирно“, рече лекарот.

Негов секундант беше Ќире Марков од Битола, долгогодишен маратонец, кој има испливано околу 30 маратони и 25 години е секундант на Охридскиот маратон. Под негово менторство, во Битола се изградија многу добри пливачи со шампионски титули на државно ниво, иако во градот нема затворен базен.

„Првпат доаѓам овде, иако сум од Битола. Слично како Крушевското езерце, и тоа е на висина, а водата топла. Во Битола преку лето тренираме во Олимпискиот базен. Иако немаме затворен базен, имаме шампиони на ниво на Македонија. Битолчанец освои трето место во маратонско пливање“, рече Марков.

Ж. ЗДРАВКОВСКА сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за...

Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата...

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...

Снежана Михајловска: Имав само 5 години кога бев силув*на, а човекот се вика Борче Трпковски !!!!

Снежана Михајловска во поткастот на Лазаров го кажа со име и презиме човекот кој пред 40 години ја силувал во неговиот дом! Таа имала...

Давкова до Пендаровски: Јас ви го признав резултатот, вие умрете барем машки

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21. Силјановска Давкова му порача на својот противкандидат, кој...