24.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСвет(Видео) Бесно семејство претепа доктор-хаос во Индија

(Видео) Бесно семејство претепа доктор-хаос во Индија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

20-тина членови на едно семејство нападна доктор во Индија пред болница, откако член на нивното семејство починал од коронавирус. Наводно, тие се сомневаат дека пациентот починал поради недостаток на кислород.

<

Да потсетиме, Индија е погодена од голем бран на коронавирус, а веќе шест дена по ред се бележат повеќе од 300 илјади нови случаи дневно. Експертите сметаат дека бројката од околу 2 илјади починати дневно како последица на коронавирусот е далеку поголема, затоа што евиденцијата е лоша.

Дека луѓето ги губат нервите покажува и видеото на кое може да се види како бесна група на луѓе го напаѓаат младиот доктор.

Како што пренесува „Мирор“, семејството на починатиот го нападнало докторот, фрлале кон него со разни предмети и го тепале со метални шипки. Иако докторот им соопштил дека членот на нивното семејство починал пред да пристигне во болницата, тие се уверени дека тој починал поради недостаток на кислород.

Ситуацијата во Индија наликува на најлошото сценарио од кое се плашеше целиот свет од почетокот на пандемијата – колапс на здравствениот систем со несопирливо растење на бројот на новозаразени.

Во земјата има голем недостаток на кислород, а поради огромниот број на починати, мртвите тела се палат на отворено.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...