20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаНаташа и Валентино од Кичево изгреба стан на инстант лозот „Доме, сладок...

Наташа и Валентино од Кичево изгреба стан на инстант лозот „Доме, сладок доме“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Наташа и Валентино Тренeски од Кичево, својата среќа ја најдоа на продажното место Детелинка, каде на инстант лоз „Доме, сладок доме“, добија стан во Скопје со големина од 59 квадрати со гаража.

<

Младото семејство од Кичево брои вкупно четири члена: Наташа, Валентино, 3-годишната Меланија и 4-месечното бебе Даријан. Иако не се големи трагачи по среќата, преку игрите на среќа, при прошетките, на минување покрај продажното место Детелинка, не пропуштаат а да не купат барем по еден инстант лоз. На една од семејните пролетни прошетки, со Даријан во количка, купиле еден лоз „Доме, сладок доме“, го ставиле во количката, со намера да го изгребат дома, но го заборавиле.

Така Дарјан неколку дена им го чувал лозот, на којшто кога виделе дека има добивка од 100 денари се договориле Валентино да појде и да го замени. Заменетиот лоз Валентино го изгребал на продажното место. Откривањето на добитниот број токму во полето на станот од 59 метри квадрати. толку го изненадило што му требало време да поверува и покрај тоа што на продажното место му потврдиле дека лозот е добитен. Потоа, среќен се јавил на сопругата, а таа насмеано мислејќи дека е шега, го прекинала разговорот.

По период на подготовка на комплетната документација, станот е веќе на име на добитниците. Би потсетиле дека сите добивки – станови, се со пресметани и платени давачки. Добитниците без никакви обврски го добиваат документите и клучевите, а потоа останува само да се вселат.

Наташа и Валентино со двете дечиња дојдоа во Скопје, го видоа својот стан и при прошетката низ него ни ја раскажаа среќната приказна и не ја криеја својата возбуда. Наташа конечно сфати дека Валентино не се шегувал со неа, иако тие, како на шега, освоија стан во Скопје за само 100 денари. Нека им се со среќа.

Ова е втор од 5-те среќни станови, во среќната зграда на улиша Методија Шаторов Шарло, во Скопје, во населбата Аеродром. Добивката е втора по големина на инстант лозот „Доме, сладок доме“ со вкупна вредност од 5 237.031 денар колку што изнесува станот од 59 квадрати и гаражата од 21 квадрат, со сите платени давачки.

Стан за само 100 денари – да, и тоа е можно со Државна лотарија.
Извор: mms.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...