30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонија''Лекот некогаш е 5 пари''-Од сега и во општина Дебрца-Охрид, пчелна инхалација....

”Лекот некогаш е 5 пари”-Од сега и во општина Дебрца-Охрид, пчелна инхалација….

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поради сè позагадениот воздух кој го дишиме, зачестени се појавите на
респираторни болести, алергии, астма, белодробни воспаленија и сл. Ваквите појави,
особено се изразени кај децата и повозрасната популација.Нема достапен опис

<

Решението за елиминирање или намалување на овие респираторни потешкотии,
како и многу пчелари и пчеларки така и пчеларката Мирјана Цветаноска го пронашла
преку вдишување на воздух директно од кошниците полни со пчели т.е. ПЧЕЛНА
ИНХАЛАЦИЈА.
Во атрот на селото Ново Село, општина Дебарца Охрид, пчеларката Мирјана
Цветаноска со едукација, работа на пчеларникот како и знаење за бенефитите и важноста
на аерослите (воздухот) од пчелната кошница започнува со работа со пчелна инхалација.
Пчелната инхалација се состои од вдишување на аеросоли, кои се мешавина од повеќе
корисни и здрави елементи од пчелното живеалиште, како што се прополисот, нектарот,
етеричните масла, флавоноидите, медот, восокот, матичниот млеч, поленот и други
лековити материи. Пчелите, преку вентилирање или едноставно движење на крилцата, во
пчелната кошница, допринесуваат за испарувањата на воздухот т.е аеросоли во
внатрешноста на кошницата .Нема достапен опис

-Како што таа кажува познато е и тоа дека пчеларите и пчеларките додека на пчеларникот работат операции поврзани со отварање на кошниците, особено во
пролетните и летните месеци, се чувствуваат многу пријатно и добро.
-Мирјана Цветаноска ни кажува дека во апи коморите кои ќе се користат
пациентите релаксирано ќе вдишуваат воздух од пчелното семејство, без опасност од
убод, незавосно од периодот на денот или надворешните
временски услови. За одредени посетители кои ќе сакаат
може да се врши инхалација о пчелната кошница
директно во природата.
Пчелите, со вентилирање или едноставно движење на
крилцата создавањето на аеросолите и аромите од
пчелната кошница, освен за подобрување на состојбата
со дишните патишта, има значаен ефект и врз
психофизичката состојба на луѓето.Нема достапен опис
Инхалаторната апитерапија делува смирувачки, релаксативно и ослободува од стресот акумулиран при секојдневието, а исто така ни помага за спечување на ринитис, синузитис, фрингитис, ларингитис бронхитис, трахиобронхитис, хронично обструктивно белодробно заболување, асма ,настинки, алергии, ослабен имунитет, мигрена, главоболки и други вирусни инфекции.
Освен за болни лица, инхалацијата од пчелната кошница се препорачува и за
лица кои едноставно сакаат да се опуштат или внимаваат на своето здравје, лица кои се занимаваат со спорт, работници кои работат во фабрики и погони поврзани со тешки метали, штетни испарувања и др.
За пчелната инхалација постојат специјални маски за вдишување на благодетите од
внатрешноста на кошницата. Најефективен период за инхалациска апитерапија е од мај до септември.
Еднодневна терапија со вдишување на воздух од пчелната кошница просечно се прави двапати по 10 – 25 минути со пауза од четириесет и пет минути, а следната се прави по 48 часа.
Потребни се неколку еднодневни терапии за да се почувствуваат првите позитивни
резултати од инхалаторната терапија.
Сите заинтересирани може слободно да се јават и да закажат. Мирјана Цветаноска 078-252-800

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...