19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЕУ бара што побрзо преговори, Захариева пресече: Не може, во Македонија не...

ЕУ бара што побрзо преговори, Захариева пресече: Не може, во Македонија не се почитуваат човековите права

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Германскиот државен министер Михаел Рот денеска пред почетокот на ГАК во Брисел уште еднаш порача дека ЕУ мора да почне преговори со Македонија и Албанија што е можно побрзо. Но ова се чини не допира до Бугарија. Досегашната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека нема напредок, па не гледаат причина за одржување меѓувладина конференција следните два месеца објавува мкд.мк.

<

„Европската Унија мора да ги одржува своите ветувања. И двете земји, Албанија и Северна Македонија испорачаа и затоа сега треба да испорача ЕУ. Мора да ги почнеме преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро“, порача Рот.

Тој во видео обраќањето вели дека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерално, а не на ниво на ЕУ.

„Тоа е одговорност на 27-те земји членки“, додава Рот.

Иако вчера речиси сите министри на ЕУ во Брисел излегоа со иста порака за почеток на преговорите, Захариева „пресече“ како и досега – „не можеме да ја одобриме преговарачката рамка за Скопје“.

„За да ја одобриме преговарачката рамка, Република Северна Македонија треба да покаже дека ги почитува човековите права. Не може да прифатиме луѓето со бугарска самоопределба да бидат ноќе испрашувани од тајните служби или да не можат со години да најдат работа, бидејќи се горди на своето бугарско потекло“, објави Захариева на својот официјален профил на Фејсбук.Таа додава дека не гледа напредок и дека Договорот за добрососедство не се почитува.

„За жал, до моментов не гледаме напредок. Договорот за добрососедство не се почитува, па според тоа нема како да се одржи меѓувладина конференција следниот месец или после него (јуни или јули).

Европската комисија и денеска потврди дека Софија и Скопје треба да најдат решение. Нашите соседи продолжуваат да бараат оправдувања за своето недејствување“, пишува Захариева.

По вчерашните средби во Брисел се огласи и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи со објава дека „Република Северна Македонија претставува пример во регионот за тоа како се имплементираат европски реформи, но и како се промовираат европските вредности, што беше нотирано и во Резолуцијата за земјава од страна на Европскиот парламент“. „Почеток на преговорите со ЕУ ќе значи евалуација на тоа признание како силен поттик за европските перспективи на целиот регион“, напиша Османи по средбата на македонската владина делегација со бугарскиот европратеник и известител за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Кјучук.

Кјучук, пак, без коментари за почеток на преговорите објави дека на средбата со Заев и Османи било истакнато дека поврзаноста меѓу Македонија и Бугарија е клучот за добрососедските односи.

„Потребна ни е: Агенда заснована врз иднината; Поврзување – инфраструктура, дигитална, образовна и културна; Враќање на довербата и зајакнување на односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија“, напиша Кјучук.

mkd.mk

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...