20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветХрватскиот суд потврди- 30 години за таткото кој ги фрли своите деца...

Хрватскиот суд потврди- 30 години за таткото кој ги фрли своите деца од тераса

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Хрватскиот врховен суд ја одби жалбата на одбраната и ја потврди единствената казна од 30 години затвор за таткото од Задар, за обид за убиство на неговите четири деца објавува Точка.мк.

<

Тој ги фрли своите четири деца на возраст од три, пет, седум и осум години од терасата на куќата во која живееја.

Во утринските часови осудениот земал едно по едно дете од креветот во кој спиеле и ги фрлал од терасата висока околу пет метри. Децата се здобиле со тешки телесни повреди, а едно од нив имало повреди опасни по живот.

Смртта на децата беше избегната само со случајност.

Обвинетиот е прогласен за виновен со првостепената пресуда за четири кривични дела на тешки убиства во обид. Тој беше осуден на единствена казна затвор од 30 години, што го вклучува и времето поминато во затвор, каде што се наоѓа од крајот на февруари 2019 година.

Исто така, му беше наредено да се подложи на психијатриско лекување како дел од издржувањето на казната, пренесоа хрватските медиуми. Судот утврди дека дел од одговорноста за овој обид за четири убиства лежи во системот на социјална заштита.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...