14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЏамбаски се нафрли кон Заев со закани - Прикаските за вашиот идентитет...

Џамбаски се нафрли кон Заев со закани – Прикаските за вашиот идентитет звучат смешно

spot_imgspot_img

Арогантност и дрскост. Вака бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ги нарече ставовите на премиерот Зоран Заев дека идентитетските прашања не смее да бидат на масата за разговори кој што ѝ го пренел на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на денешната средба во Брисел.

Откако Заев објави на социјалните мрежи што разговарале со Фон дер Лајен, Џамбаски се јави со коментар во кој вели: „Не ја разбирам вашата арогантност и дрскост да поставувате ултиматуми пред Унијата којашто вашиот народ ја гледа како единствен влог за подобра иднина“.

„Додека вашите соседи од Албанија ги исполнуваат и почитуваат упатствата, Вие не запирате да ѝ кажувате на ЕУ што треба, а што не треба да ви постави како услов. А масата на преговори, на која кажувате што не треба да има, е тажно празна. Ѝ го кажавте ли тоа на г-ѓа Фон дер Лајен? Ѝ кажавте ли дека досега не сме преговарале ниту за една точка, толку месеци по нашето таканаречено ‘вето‘?

Заев, може да звучите цврсто пред Фон дер Лајен, говорејќи за поврзаноста на Вашиот ‘идентитет‘ со факти и наука, но двајцата добро знаеме колку смешно звучи тоа. И колку е неточно. Знаете ли драги, дека и во Бугарија го сметаме нашиот ‘идентитет‘ за гордост. И токму затоа, ако некој поска да зборува за него, ако некој го оспори, ќе се исправат со истата гордост и ќе го убедам во неговата неприкосновеност. Нешто, со кое Вие изгледа не можете да се справите“, напиша Џамбаски.

Премиерот Заев објави дека Фон дер Лајен на денешната средба потврдила  дека ЕК ќе се вклучи со уште поголем ангажман во барањето решение за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, бидејќи ова е многу важен процес.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...