27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Мицотакис ми даде неколку идеи за тргање на бугарската блокада, многу...

Заев: Мицотакис ми даде неколку идеи за тргање на бугарската блокада, многу е креативен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев во интервју за МИА открива дека неговиот грчки колега, Кирјакос Мицотакис на вчерашната средба во Атина му презентирал повеќе различни идеи, кои Заев ги цени како креативни и позитивни, како да се отстрани ветото на Софија и Македонија да го продолжи патот кон членство во Европската Унија.

<

„Јас верувам дека прво ќе се најде некое решение со Бугарија, затоа што проблемот не е од таква природа каде што би можел да биде пречка, имајќи предвид дека допрва се отвораат 35 поглавја и на отворање и на затварање се носат одлуки од сите земји- членки, така да верувам дека намалените тензии и кај нас и во Бугарија ќе помогнат во целиот тој дел. Но, ни треба помош и од сите други пријатели, а премиерот Мицотакис разви неколку идеи и многу сум благодарен заради креативноста која што ја понуди. Нормално не можам да ги коментирам, затоа што сепак тие тоа треба да го направат, но за нас се исклучиво позитивни“, вели премиерот Заев во интервју за МИА.

И во интервјуто премиерот изрази оптимизам дека ќе се најде решение со Бугарија бидејќи како што вели тоа е проблем и предизвик не само за Македонија, туки и Унијата и нејзините земји членки, вклучувајќи ја и Грција и Бугарија.

„Така да треба да ја мислат и тие заедно, а Грција исто така затоа што го тангира и Преспанскиот договор и треба да биде дополнително заинтересирана и на крајот е голем поддржувач на интеграциите на Македонија и на Албанија затоа што сѐ почна од 2003 година од Солунскиот самит, кога се сврте фокусот на евроинтеграциите на Западен Блкан во Европската Унија“, вели Заев.

Заев се сретна и со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас. Се согласиле дека договорот за името е силно признаем и изразиле задоволство што на него се гледа како пример за решавање и други меѓудржавни спорови. Придобивките од Преспанскиот договор потврдени и на средбата на Заев со американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат, кој договорот, како што се наведува во владиното соопштение, го оценил како најпозитивно изненадување во неговиот досегашен петгодишен мандат како амбасадор на САД во Грција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...