-0.1 C
Ohrid
сабота, јануари 18, 2025
ПочетнаЕстрада(Видео) Два часа плачев од среќа и убава енергија – Васил Гарванлиев...

(Видео) Два часа плачев од среќа и убава енергија – Васил Гарванлиев е подготвен за настапот на Евросонг

spot_img

-Утрово се разбудив во шест со необична и убава енергија. Се исплакав до осум часот, ја пуштив убавата енергија која дојде, да помине низ мене. Плачев од среќа и убава енергија. Тоа е чувство што не можам да го опишам,  рече Васил Гарванлиев за ММС утрово, пред да ги почне подготовките за вечерашниот настап, на првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Ротердам, Холандија.

Васил вчера ја имаше последната генерална проба, односно вчера вечерта се снимаше целата прва полуфинална вечер и ќе биде користена како снимка, доколку, не дај боже, некој од учесниците покаже позитивен резултат на тестот од Ковид-19.

На настапот Васил вчера блеснал и добил голем аплауз.  Жири комисијата од цела Европа врз основа на вчерашниот настап ги дала своите гласови, а за вечер останува да се види што ќе каже публиката.

-Презадоволен сум од мојот настап.  Цела сцена е исполнета  со љубов и енергија. На крајот од настапот  ќе светне изгрејсонце на сцена. Има специјален ефект, изгрева сонцето зад мене. Па и главната порака на целиот настап е темнината ја претвараме во светлина и шириме љубов, вели за ММС Васил и додава:

-После сите турбуленции низ кои поминав не ми е важно ништо, самото нешто што стасав до Ротердам е успех и имаме прекрасни коментари.  Подготвен сум да пеам за сите нас. Добивам пораки од новинари што ме гледале на Јутјуб и не очекувале дека толку ќе се допрени од  мојата енергија. Најважно ми е да допрам до луѓето, вели Васил.

Текстот е делумно превземен целосниот текст прочитајте го во mms.mk

Автор  Весна Миленковска Фото: eurovision.tv/ Фејсбук

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во срцето на градот Охрид, веднаш до градскиот пазар се отвори новиот Кафе бар Инфинити.

Во срцето на градот Охрид веднаш до градскиот пазар се отвори новиот кафе бар Инфинити. Кафе Бар Инфинити е повеќе само место за пиење кафе-...

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога-

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога. Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на...

Во Битола 72-годишен дедо влегол во “банка” со хебла и пиштол.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво...

Македонските ракометари загубија од Холандија, судењето во најмала рака скандалозно

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со 37:32 од репрезентацијата на Холандија. Она што остави најголем впечаток е скандалозното судење на данската двојка судии Хансен и...