19.6 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија Кочо Анѓушев ќе тужи истражувачки новинари бидеќи го обвиниле дека тој бил...

Кочо Анѓушев ќе тужи истражувачки новинари бидеќи го обвиниле дека тој бил еден од главните фактори за загадувањето во Македонија.

Translate (Eng):[gtranslate]

Кочо Анѓушев и Брако демантираат дека на каков било начин се одговорни и поврзани со увоз или користење на токсични масла.

Во демантот се наведува дека правниот тим на „Брако“ ќе поднесе тужба кон Здружението на граѓани Истражувачка репортерска лабораторија – ИРЛ Скопје, под уредништво на Сашка Цветковска.

РЕКЛАМА

Ниту г. Кочо Анѓушев ниту „Брако“ Велес се поврзани со увоз на некакви токсични масла или мазут ниту, пак, „Брако“ Велес е голем потрошувач на мазут во Македонија. Вистината е дека „Брако“ Велес никогаш не увезол мазут, а минималните количини што ги троши за работа на погонот за цинкарата се набавуваат на пазарот во Македонија од увозници кои се занимаваат со таа дејност. Како илустрација на тоа дека „Брако“ учествува во потрошувачката на мазут во државата со промили, треба да се знае податокот дека „Брако“ Велес годишно троши околу 100 тони мазут, а вкупната годишна потрошувачка на мазут во РС Македонија, како што е наведено и во емисијата, е околу 30.000 тони. Впрочем и од вкупните годишни набавки на мазут кои се одвиваат преку секторот за набавки на Брако, само 15 отсто од потребите се од добавувачот наведен во емисијата Евротим. А според Правилникот за течни горива, надлежен за контрола на составот и квалитетот на увезениот мазут во РС Македонија е Пазарниот инспекторат, што значи дека, штом предметниот мазут бил дозволен и пуштен во промет од надлежни органи, „Брако“ нема сопствена лабораторија за да го проверува квалитетот, истакнуваат од „Брако“.

Воедно тврдат дека со завршувањето на новата инвестиција во погонот за поцинкување во „Брако“, од следниот месец ќе биде комплетно исфрлен мазутот како енергенс.

Новинарката Сашка Цветковска ова сето можеше да го дознае и да го изнесе во емисијата доколку имаше желба. Контактот со неа беше веднаш воспоставен по телефонскиот повик кој беше емитуван во емисијата, но и по 3 месеци од поканата да дојде во просториите на Брако и да се информира или да сними изјава од официјален претставник, таа не најде за потребно да сними или да испрати прашање, но напротив си даде за право да прави крајно непрофесионални и тенденцизни шпекулации, и со тоа да ѝ нанесува штета на една од поуспешните македонски компании, истакнуваат од таму.

Што се однесува до наводната конспиративна средба во Владата на РСМ, Кочо Анѓушев потврдува дека навистина е остварена средба со Изудин Ахметовиќ, но и според официјалните документи достапни во архивата на Владата, на таа средба Ахметовиќ доаѓал како претставник на коморското здружение „Бизнис центар“ Тешањ – Јелавиќ од БиХ.

На средбата е дискутирано исклучиво за поканата кон македонската влада за учество на саем и бизнис-форум и во ниту еден момент на таа средба не е спомнат мазут или која било друга тема. Во времето додека беше потпретседател на Владата за економски прашања, Кочо Анѓушев има остварено преку 4.000 официјални средби, стои во соопштението.

- Реклами -