16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаПриведени две лица за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, се бара...

Приведени две лица за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, се бара притвор

spot_imgspot_img

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, дознава „Макфакс“. Извори од Кривичен суд, додаваат дека осомничените се изведени пред судија, кој ќе треба да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот-јавува МакФах

Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство. Лицето беше пријавено за исчезнато, а потоа започнаа и шпекулации дека е киднапиран. Гласините и информациите допреа до Обвинителството, со што се потврдува дека грабнување имало.

Изминатите денови се појавија и информации дека Костадиновски е грабнат од криминална група од Албанија и Турција – но ова остана непотврдено од институциите. Шпекулациите беа дека се работи за нерасчистени односи кои тој ги имал со тие лица.

Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Потоа, беа земени снимки од безбедносни камери, информации од очевидци, а беа сослушани и лица од кои беше можно да се добијат повеќе информации.

26-годишното момче, Самоил Костадинов е внук од брат на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски. Таа за неколку медиуми веќе има изјавено дека е потресена од целото случување. Ниту таа, ниту семејството, немаат детали информации што се случило со скопјанецот, освен раскажувањата од негови пријатели.
МакФах

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...