19.6 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија Конечно убави вести: Европската унија донесе одлука да ги отвори границите за...

Конечно убави вести: Европската унија донесе одлука да ги отвори границите за сите што се имаат вакцинирано.

Translate (Eng):[gtranslate]

Европската унија донесе одлука да ги отвори границите за сите патници кои го завршиле процесот на вакцинирање против коронавирусот.

Како што пренесува новнската агенција “AFP”, земјите членки на Унијата се договориле да бидат отворени границите за сите патници кои ги имаат примено двете дози од вакцината против коронавирусот.

Иако амбасадорите на земјите членки на ЕУ на состанокот во Брисел утринава донесоа одлука и за укинување на патните рестрикции за граѓаните на трети земји кои ги добиле двете дози од вакцината против коронавирусот, оваа одлука би требало да биде потврдена на нивото на Советот на ЕУ во петок.

РЕКЛАМА

Челниците на ЕУ преговараат и за воведување на дигитални зелени потврди, со што ќе започне спроведувањето на планот за витален спас на претстојната туристичка сезона. Оваа зелена потврда ќе биде доказ дека лицето е вакцинирано, има негативен тест или антитела на коронавирусот.

Целта на потврдата е што поскоро да се укинат мерките кои моментално се на сила кога е во прашање патувањето меѓу земјите. Меѓутоа, на секоја од 27-те земји членки останува да одлучи какви погодности сертификатот носи во рамките на своите граници.

Се очекува ЕУ целосно да ги отвори своите граници за целосно вакцинираните од почетокот на јуни.

tocka.mk

- Реклами -