Повеќе од една година како демнее пандемијата со коронавируос, а нема веќе кој не се заразил и не го прележал, некој со потешки симпотими, некој со полесни, а некој и без симптоми.
Многумина од јавниот свет беа позитивни на Ковид 19, некои лесно го прележаа, други ја загубија битката со болеста на 21иот век.
Саканата на Игор Џамбазов, алпинистката Илина Арсова неодамна на својот Инстаграм откри дека го прележала вирусот.
Имено, таа објави селфи и напиша дека гордо се носи си пост Ковид брчките, а сега откри и низ што поминала.
Како што објаснува, Илина ги почитувала сите мерки за заштита од коронавирусот, а како што истакна се заразила од асимптоматски преносител.
– Пред еден месец добив симптоми на ковид 19, па сакам да го споделам моето искуство, со надеж дека некој нешто ќе научи, а на други пак ќе им помогне во закрепнувањето, кои иако се наоѓаат во иста ситуација, за тоа не се охрабриле да зборуваат.
Најпрво сакам да споделам дека речиси година и пол почитувавме и јавно препорачуваме мерки и само-свесно се заштитувавме од вирусот, задолжително носејќи маски и држејќи дистанца, со и онака мал број на луѓе со кои се сретнуваме. Сепак едно мало невнимание, може да не чини многу скапо.
Од самиот почеток испраќаме пораки како луѓето треба сами да се пријават ако приметат симптоми кај себе си или кај некој што го познаваат, што е главна мерка во спречување на вирусот да се шири. За жал тоа не е случај во земја со толку ниска свест. Заразените од ковид ниту се тестираа ниту се пријавуваа, мислејќи дека некој ќе ги прогласи за виновни што се заразени. Напротив, виновни се и сносат одговорност ако не постапат според мерките. Да повториме: со идентификување и изолација на болниот се спречува ширењето на вирусот! Исто како кога детето на школо ќе ви фати вошки, па никој ништо не пријавува се’ додека не ја стават целата училница во карантин.
Е сега да раскажам за мојата приказна. Ме зарази асимптоматски преносител во Охрид, кој дури кога го доби својот позитивен резултат од пцр тест, не ми се јави да ми каже, туку јас од друга страна требаше да разберам.
И покрај тоа што мислев дека се работи за обична настинка, се тестирав штом стигнав назад во Дојран, и по добивање на позитивниот тест веднаш ги контактирав луѓето (вкупно тројца) со кои имав контакт тие денови. За најголема среќа и можеби божја воља вирусот не го бев предала на никој, што ми олесна.
Ми препишаа десет дена изолација. Се чувствував добро, не дигнав температура, не кашлав многу, не се заморував по скали, се’ изгледаше добро освен првите три дена со симптоми на класична настинка (грло, крајници, течење нос и кивање). Една работа што беше многу интензивна беше психолошкото влијание на вирусот преку изразена депресија, несигурност, себе-обвинување. Дали ви звучи познато?
Додека седев во изолација и ги слушав работници што работат на улицата како киваат и кашлаат, знаев дека сигурно кај барем секој втор од нив се работи за ковид, а не за настинка. Но дали тие луѓе би можеле да си дозволат по 3-4000 денари за да направат тест, и уште едно чудо пари за додатни испитувања, набавка на витамини и суплементи? Или поедноставно и по евтино, ќе си продолжат со нормалната работа заразувајќи секој ден нови луѓе, од кои за жал многумина и не го преживеаа вирусОна што ми помогна да ја надминам, навидум благата форма на зараза беше: многу течности, многу витамини и суплементи, хомеопатски препарати од мојата мајка Др. Милена Илиевска (лекар и хомеопат) медитација и јога техники за дишење од мојата драга Теодора Костовска.
Како и да е, каде погрешив?
На 14-тиот ден направив тест кој покажа дека сум негативна. Тоа беше непосредно пред Велигденските празниците кога Дојран се наполни со илјадници туристи жедни за пијанчење и прегласен турбо фолк – наша и само наша македонска дефиниција за празнување, на која и јас и мојот мојот сакан сме многу осетливи. Решивме да отидеме на планина каде исто така може да се празнува, во мир, не задолжителна тивка музика, чист воздух и вистински празник за очите и душата. Некаде на 18-тиот ден од симптомите решив да ја проверам својатафизичка форма и изгледа малку претерав кога во еден ден ги искачив сите врвови на планината Кожув. Е тука почна се!
Мојот нормален пулс кој обично е под 50, а сега и повеќе од месец дена после вирусот, ми се качува на 120 до 150 од една обична прошетка. Да бидам искрена толку ми бил пулсот можеби во најтешките делови при искачувањето на Еверест.
Се посветив на истражувања на оваа тема и гледам дека тоа е случај кај дури 30 % од прележаните од ковид, особено спортисти и активни физички луѓе. Компликациите од post acute covid syndrome може да траат и со месеци, што уште повеќе влијае врз психата на еден, до вчера совршено здрав човек, кој наеднаш е принуден да се соочи и прифати сосема нова реалност.
Затоа драги мои, пазете се и чувајте се! И не плашете се да споделите и зборувате за тоа. Бидејќи со размена на искуства само може да си помогнеме. Не бидете дел од стадото со мозок колку кикиритка, што мисли дека ако не те дознаат, не било! Тоа е исто како да сте болен од сида и знаејќи го тоа легнувате со што повеќе партнери без да ги предупредите дека сте носител на смртоносна болест. Себично зарем не?
Ајде ве молам да работиме на ова, да ја искорениме себичноста, неодговорноста и примитивизмот што не влече назад. Прво, бидејќи со тоа може да спасиме нечиј живот, второ еднаш и засекогаш да изградиме вистински трајни вредности во ова општество, напиша Илина на Фејсбук.
Алпинистката на својот Инстаграм и објави фотографија со пред и после Ковид, а во описот го напиша и своето искуство.
„Зарем не е иронично? На првата слика (ден 1 # covid_19) се чувствувам силно, но се жалам на недостаток на мотивација. На 2-та слика, еден месец подоцна, јас сум мотивиран, но немам сила.
Бр. 1 од моето ковид искуство: успеав да ја прекинам навиката за кафе првото нешто наутро
Бр. 2 одземање: Слабеењето на нездрав начин не е посакувана опција!
Бр.3 и најважно, дури и обична кивање може да биде знак на Ковид, да ги пријави симптомите и да се изолира, со цел да ги заштити другите! Сеуште немаат сите вакцини … Многу многу важно за # спортисти: не се изложувајте на големи напори прерано. # Postcovid19 може да го зголеми срцето или да направи други несакани компликации!
Преземено од vistina.com.mk