18.8 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЏафери ги откажа денешните активности поради смртен случај во семејството

Џафери ги откажа денешните активности поради смртен случај во семејството

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Собранието Талат Џафери, нема денеска да има воведно обраќање на презентацијата на Акцискиот план 2021 – 2023 на Собранието, на кој ќе има и јавни консултации со Граѓанското општество.

<

Наместо него, воведно обраќање, меѓу другите, има потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.

Причина зошто спикерот Талат Џафери нема да се обрати, како што велат од Собранието, е ненадејната промена на агендата до која дошло утрово, поради, како што објаснуваат оттаму, смртен случај кој го имал Џафери во неговото потесно семејство.

„Претседателот поради непредвидлива ситуација, не е во можност да присуствува лично, бидејќи има смртен случај. Му почина зетот од сестра, 64 годишен“, објаснуваат со жалење од Собранието.

Покрај Мисовски, воведни обраќања ќе имаат Роберт Скот Хејзлет, тим-лидер на Програмата за парламентарна поддршка и виш резидентен директор на Националниот демократски институт (НДИ), како и Сандра Пернар, Партнерство за отворени власти (ПОВ), виш регионален координатор.

На презентацијата ќе се дадат клучните наоди од Мониторинг-извештајот за ПОВ Акцискиот план 2018 – 2020, со обраќање на Александра Јовевска-Ѓорѓевиќ, истражувачка од Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС).

Потоа, ќе има презентација: Заложбите во ПОВ Акцискиот план 2021-2023, Златко Атанасов, координатор за ПОВ и раководител на Парламентарниот институт, Собрание, потоа Презентација: клучни наоди од истражувањето на јавно мислење (февруари / март 2021 год.), Вљора Речица, раководителка на Центарот за парламентарна поддршка и демократизација, Институт за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС).

Ќе има и паралелни тематски сесии.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...