9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветХорор во болница во Австрија-По грешка му ја ампутирале здравата нога па...

Хорор во болница во Австрија-По грешка му ја ампутирале здравата нога па сега мора и другата

spot_imgspot_img

Пациентот страдал од низа болести поради кои требало да му биде ампутирана левата нога. Според болницата, направена е „трагична грешка“.

– Шокирани сме кога дознавме дека во вторникот, и покрај почитувањето на сите стандарди, на 82-годишниот маж му беше ампутирана погрешната нога – соопшти клиниката Фрејстад во близина на границата со Чешката Република, додавајќи дека грешката најпрво била забележана при промената на завои во четвртокот наутро.

– Треба да откриеме како настанал овој пропуст, оваа грешка. Сакам јавно да се извинам – рече директорот на клиниката Норберт Фрич.

Австриските медиуми јавуваат дека пациентот, поради тешки болести, првично не бил свесен дека ја изгубил погрешната нога. Се чини дека грешката е направена непосредно пред операцијата, кога било обележано која нога треба да се пресече.

– За жал, грешката што предизвика да се отстрани десната нога наместо левата, е резултат на низа несреќни околности – велат од клиниката.

За жал, пациентот сега мора да остане и без другата нога и таа операција треба да се изврши наскоро.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...