13.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЕуролинк: Кај нас може да го осигурате и вашиот велосипед.

Еуролинк: Кај нас може да го осигурате и вашиот велосипед.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Осигурувањето на велосипед е нов производ на Еуролинк кој е наменет за сите оние чие омилено превозно средство за транспорт и рекреација е велосипедот. На оваа тема разговараме со Наташа Георгиева – успешен менаџер на два продажни тима во Скопје, која е дел од тимот на Еуролинк осигурување од самиот почеток, вљубеник во велосипедизмот и во здравиот начин на живеење.

<

Наташа вели дека особено би ги посочила урбаните велосипедисти кои се вклучуваат во градскиот сообраќај, а за кои е исклучително важно да бидат осигурани и заштитени во секое време.

Факт е дека велосипедизмот се повеќе се популаризира на улиците во главниот град и во државата, а со тоа расте и ризикот од повреди. Освен сигурноста на велосипедот и здравствениот бенефит во случај на незгода, осигурувањето на велисипедот има и друга важна додадена вредност која е поврзана со животната средина.

Токму на оваа тема Наташа вели дека со воведување на овој продукт, Еуролинк создава услови за побезбедна и почеста употреба на велосипедот како превозно средство, што ќе допринесе за унапредување на здравјето, животната средина и квалитетот на животот во заедницата.

 

На располагање се два пакети: БАЈК и БАЈК+.

Пакетот БАЈК го осигурува велосипедистот од одговорност кон трети лица и од незгода. И во рамки на овој пакет Георгиева објаснува дека Еуролинк ќе обезбеди финансиска надокнада во случај на повреда при пад или пак во случај несакајќи при возење да сте изгребале, оштетиле туѓ имот или пак случајно сте повредиле некого. Тука влегува и покритие за правна помош доколку се јави потреба во случај на спор заради нанесена штета. Цената на ваквото осигурување е 61,5 денари месечно, односно 1 евро месечно.

Таа додава дека за пакетот БАЈК+ се добиваат сите покритија од пакетот БАЈК, плус се добива каско осигурување за велосипедот, што покрива поправка во случај на кршење и најважно покрива кражба без разлика дали велосипедот е украден од паркинг за велосипеди на улица, од гаража или од дом. Ова секако важи за велосипеди што се нови и до година и пол старост, а цената се одредува во зависност од вредноста на велосипедот, а цените за БАЈК+ почнуваат од 1,60 евро месечно.

За жал морам да истакнам дека кражбите се многу честа појава и голем проблем за вело заедницата. Кога го подготвувавме продуктот, стапивме во контакт со здруженијата на велосипедисти, нивните истражувања покажаа дека дури секој втор велосипедист има изгубено велосипед заради кражба, вели Георгиева.

Секогаш кога размислуваме на темата осигурување во глава ни се врти обемна документација, многу бирократија и чекање ред во експозитури, но во Еуролинк е тоа многу полесно и едноставно. Токму поради ова ја прашавме Наташа каква е постапката за осигурување на еден велосипед.

 

Постапката е многу едноставна и брза. За пакетот БАЈК е потребно име, презиме и матичен број, а за БАЈК+ односно дополнително осигурување на велосипедот од каско потребна е фактурата од продажбата на велосипедот за да се регистрира неговата вредност и неговиот уникатен број. Полисата се вади веднаш и се уште е достапна само во нашите филијали. Возењето велосипед е навика и стимулираме тоа секогаш, во секое време да биде безбедно, заради што полисите се издаваат на три години, а може да се платат на рати, вели Георгиева.

Се наметна и темата за потребната документација која е неопходна за осигурувањето на велосипедот. И тука се е поедноставно и полесно.За осигурување како велосипедист не е потребно да се поседува сопствен велосипед. Ова осигурување го имате лично како велосипедист и можете да возите ваш или туѓ велосипед, а осигурувањето ве покрива во секое време кога сте на точак, вели Наташа.

За каско осигурувањето на велосипедот потребно е да се вложи во систем за врзување, чиј квалитет е соодветен на вредноста на велосипедот и чија сигурност е тестирана и потврдена од меѓународно признаени агенции за рејтинг на ваквите системи за заклучување. Информација за системите за врзување има во секое продажно место за велосипеди од каде и се купуваат, како и на нашата веб страница. Ова е услов кој се применува во сите земји каде има ваков вид на осигурување и постои со цел да поттикне одговорно однесување, за сите да придонесеме да се зачува имотот и да се заштити велосипедот од кражба. Се друго понатаму останува на нас како осигурителна компанија, во случај на евентулана кражба, да обезбедиме финансиска надокнада за изгубениот имот, заклучува таа.

скопје инфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од МВР.

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава На 24.04.2025 во 22.40 часот во...

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид – брзата интервенција спречи поголема несреќа

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид - брзата интервенција спречи поголема несреќа Денеска околу 14:00 часот, на улицата Македонски Просветители во Охрид избувна...

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон...

Ученици од бугарско село собраа 5.300 лева за настраданите во Кочани

Сума од 5.300 лева (околу 2.650 евра) собраа учениците од бугарското село Ивањане со велигденски хуманитарен базар за настраданите во трагедијата во Кочани, продавајќи...