19.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонија„Блиц“: По 65 години, Македонија враќа дел од оградата на српскиот Парламент

„Блиц“: По 65 години, Македонија враќа дел од оградата на српскиот Парламент

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонија враќа дел од импозантната ограда долга половина километар што се наоѓала околу Собранието на Србија, а која во времето на Јосип Броз Тито, била отстранета и однесена. Оградата, која српските историчари на уметност ја опишуваат како „волшебна“ и за која 65 години не било познато каде се наоѓа, градоначалникот на Охрид ќе ја врати во Белград на 10 јуни, пишува српски „Блиц“.

<

Чаршиските муабети од поранешна Југославија биле дека тогашните раководители во Словенија и Хрватска во тоа време сакале делови од оградата со која ги опколиле своите викенд-куќи. Дел бил пренесен во Охрид околу вилата „Билјана“, која ја користел Тито, а ја посетиле и користеле многу светски државници и политичари како Бан Ки-мун, Леонид Кучма, Сергеј Лавров и Жозе Мануел Баросо.

– По 5-ти октомври. бидејќи беше потребно да се реконструираат делови од Собранието, додека беа побарани нацртите, беа пронајдени скици на оградата, за кои повеќето од нас дури и не знаеја дека постојат. Сепак, не беше познато каде е оградата. Беше целосно непознато, изјавил за „Блиц“, претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ.

Тој додава дека не било лесно да се соберат делови од оградата бидејќи немало документи во собраниската документација и во архивите што би сведочеле за тоа. Оградата се пребаруваше многу години и се открило дека едниот дел е во Македонија.

– Кога министерот за надворешни работи на Северна Македонија беше во посета, го замолив да праша каде е, практично, нашата парламентарна зграда. Ми рекоа дека оградата е околу вилата „Билјана“ и дека се подготвени да ја вратат. Неа ќе ја донесе градоначалникот на Охрид. Тоа е навистина прекрасен пријателски гест и знак на добрососедски односи – вели шефот на српскиот парламент.

Иницијативата за враќање на оградата веднаш била протолкувана во Србија како намера да се загради Собранието од идните демонстрации.

– Прво, не е можно да се состави целата ограда. Идејата е повеќе да се постави како изложба делот донесен од Македонците за да можат нашите граѓани да видат како изгледаше делот околу Собранието. Тој дел од оградата сведочи за историјата на одреден начин – вели Дачиќ.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...