7.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Пановски:Mожеби има стотици кои одат дрогирани и алкохолизирани во болница на...

Д-р Пановски:Mожеби има стотици кои одат дрогирани и алкохолизирани во болница на работа

spot_img

Дали одел дрогиран, дали му била нострифицирана дипломата, тоа нема никаква врска со кривичното дело кое го направил. Значи, тој самиот е непресметлив како личност, ај што снимал, истото и го објавил. Да не го објавеше, ниту ќе разберевме за нострификацијата, ниту за тоа дека можеби се дрогирал, вели за „Локално“, микробиологот и поранешен директор на Фондот за здравство, д-р Никола Пановски за случајот со анестезиологот кој снимаше и објавуваше на ТикТок во живо, додека се шеташе низ гинеколошкото одделение на Тетовската клиничка болница.

Пановски посебно се осврнува на сомнежите за нострификацијата на специјализацијата на анестезиологот.

-За ова последново нема докази, туку се озборувања, типични за нас, удри по немоќниот и притворениот. Што молчеле до вчера. Значи, можеби се десетици и стотици на кои им е овозможено да работат без нострифицирана диплома или одат дрогирани и алкохолизирани на работа. Повторувам, анестезиологот можел и понатаму да си снима, да работи „дрогиран“, без легално нострифицирана диплома и ќе си отидеше во пензија, доколку не ги објавуваше снимките јавно, смета д-р Пановски.

Наведува дека правниците, односно судиите и обвинителите решаваат за тоа дали треба да има поголеми казни и кривична одговорност.

-Треба едукација, наставен предмет на студиите по медицина кој би бил најважен предмет, за однос кон пациентот, за однесување на лекарот кон медиумите, јавноста и пациентите, наместо илјадници глупости кои ги учиме за време на студиите, порачува Пановски.

Соговорникот е дециден дека партиите ги носат законите.

-Големите партии кои владеат триесет години ги донесоа овие закони, според кои, последен пример, лекар по семејна медицина е поставен за стручен директор на Универзитетската клиника за токсикологија!!! Ова не било ни во 1945 година. Тој ќе го води стручниот колегиум во кој сите останати лекари се специјалисти по интерна медицина и супспецијалисти по токсикологија. Ова е само пример до каде е спуштено нивото на кадровската политика. Едноставно, треба пред изборите догодина, граѓаните да не ги гласаат доколку не ветат дека ќе ги сменат законите, а изборот на директори ќе го изведуваат членовите на лекарски колегиум со тајно гласање, оценува Пановски.

Докторот се согласува дека постојат двојни аршини и при бирање на тоа на кого да му се одземе докторската лиценца.

-Лекараската комора како да чека како ќе реагира власта. Во случајов со „снимателов“, власта реагираше жестоко и правилно, па се јави и Комората и почна постапка. За многу пострашни случаи, со оштетено здравје на пациентите, гледајќи дека власта не реагира и Комората ќе чекала судска разврска. Инаку за гинекологот од Струга, судската одлука ќе стигне откога тој ќе се пензионира, ако воопшто ја доживее правосилната пресуда, кај нас таа постапка ќе трае со децении, па Лекарската комора ќе се изначека, заклучува Пановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...