8.9 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаЖално е што ние ништо не правиме за дијаспората колку што тие...

Жално е што ние ништо не правиме за дијаспората колку што тие прават за нас, минатата година имаа испратено над 1,5 милијарди евра- Вели академик Беџети за Сдк.Мк !!

spot_img

Академик Абдулменаф Беџети, кој е и Ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, вели дека по малку бил изненаден од приливот на пари што нашите печалбари ги пратиле дома минатата година во екот на пандемијата. Тој е оптимист и вели дека очекува оваа година приливот од печалбарите уште да се зголеми вели за СДК.МК

„И покрај тоа што минатата година очекувањата од приватни трансфери на нашите од дијаспората беа многу ниски, бидејќи малку време престојуваа тука, ако се гледа финансиски тие не престанале да праќаат пари. Според податоците на Народна Банка, минатата година околу 1,5 милијарди евра влегле во земјата и тоа е најголем придонес за нашата земја, што го призна и гувернерката на Народна банка. Жално е што ние ништо не правиме за нив, колку што печалбарите прават за нас. Оваа година, лично очекувам овие трансфери многу повеќе да се зголемат и да надминат 2 милијарди евра, зашто со олабавувањето на мерките од ковид-19, печалбарите едвај чекаат да дојдат и да престојуваат во татковината“, рече Беџети при отворањето на отварањето на лабораторијата за форензика на Штуловиот универзитет во Тетово и додаде:

„Еве на пример, за време на неодамнешните продолжени празници во Европа, се виде колку наши печалбари го искористија тоа и дојдоа тука. Тие престојуваа десетина денови и едноставно за тие денови го заживеаја стопанството и трговијата. Тоа покажа дека Полошкиот Регион органски е зависен од печалбарите и затоа очекувам оваа година да дојдат во уште поголем број“.

Додека академик Беџети е оптимист и зборува за голем прилив на пари од печалбарите, тетовските трговци не се многу сигурни за својот опстанок. Нив посебно ги загрижува тоа што сѐ уште не се дозволува да се организираат свадби, дејност од која на огромен број трговци од Тетово им зависи опстанокот. Минатата година поради пандемијата со ковид-19 печалбарите не дојдоа, а тетовските трговци се најдоа на работ на пропаста. За некои прометот беше намален и за 100 насто.

„Сѐ уште не знаеме дали Европската Унија ќе дозволи слободно доаѓање на нашите печалбари. Ако им дозволи, тоа ќе биде добро за нас. Минатата година немаше свадби па сега сите, и тие, а и ние, чекаме да се дозволат свадбите. Во Тетово злато најмногу се купува кога се прават свадби, преку година ретко кој купува. Чаршијата е блокирана веќе 18 месеци, сега немаме ниту 10 отсто промет отколку што сме имале пред пандемијата“, вели златар во Тетово.

за повеќе детали тука… СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од Лигата на шампионите. Гостите беа разочарани од...

Тошковски: Над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски...

Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право...

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...