18.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаГеоргивски и да ме протерате од Македонија став не менувам-Факт е дека...

Георгивски и да ме протерате од Македонија став не менувам-Факт е дека секој ранет комита одел на лечење во Бугарија…

spot_imgspot_img

Eкс-премиерот Љубчо Георгивски смета дека да се зборува против Бугарија „е најстариот популизам во Македонија“, а македонската страна им простила пет века ропство на Турција и 30- години окупација на Србија. Тој во интервју за А1.Он, изјавува дека Македонија треба да се сменат учебниците во кои Бугарите се нарекуваат окупатори, номади, фашисти.

Геориевски вели дека Македонија треба да престане со антибугарско расположение бидејќи „Бугарија била најголемиот поддржувач на Македонија, особено во 19 век. Наспроти ова, според него, треба да и се оддаде почит и признание на Бугарија.

-Факт е дека секој ранет комита од Македонија одел на лечење во Бугарија. Секој кој бил гонет се криел во Бугарија, 90 проценти од оружјето доаѓало од Бугарија, обуките биле таму во Бугарија. Таа поврзаност Бугарија- Македонија била многу јака, што е проблемот да ја признаеме. Триесет години го зборувам ова. Ако ги утврдевме пријателските места немаше да дојдеме до ова, ако секој политичар градеше по еден чекор, ниту ќе имавме обврски, ниту ќе ја имавме оваа шокова терапија, вели Георгиевски во интервју за А1он.

Во интервјуто вели дека стои зад своите ставови и не му било проблем политичари да покренат иницијатива за негово протерување од државата.

Вели дека има три државјанства – македонско, бугарско и едно за кое не кажува од која земја е.

Целото интервју можете да го погледнете на А1Он.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заедно, можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси-УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Заедно, можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси и да го градиме општеството кое...

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...