7.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Со Бугарија потпишавме дека имаме заедничка историја,ама сепак знам до каде...

Заев: Со Бугарија потпишавме дека имаме заедничка историја,ама сепак знам до каде ни се црвените линии

spot_img

Со Бугарија потпишавме дека имаме заедничка историја, но целиот Балкан има таква историја, вели премиерот Зоран Заев во интервју за неделникот „Фокус“, но нагласува дека знае до каде се црвените линии.

<

„Можам да кажам само свое мислење. Но, знам дека сум претседател на Владата со огромна одговорност и чест и знам каде се и кои се нашите црвени линии, и дека не можам ниту јас, ниту некоја друга влада, или пак, Унијата да менуваат работи кои не се дозволиви за нив да се разговара, а камоли, да се менуваат. Зборувам за нашиот идентитет и јазик. Изнајдовме креативни решенија за проблемот со името и гледате дека имаме не само пријател во јужниот сосед Грција, туку и стратешки партнер и еден од најголемите поддржувачи и инвеститори.“- истакнува премиерот за неделникот Фокус.

На прашањето дали некои негови изјави дале можност на Бугарија да верува дека може да се направи ревизија на историјата, Заев вели:

„Кажувате неточни констатации. Потпишавме дека имаме заедничка историја меѓу двата народа и тука да бидеме на чисто. Целиот Балкан има заедничка историја. Ние имаме наша сопствена историја, но и заедничка. Нели, османлиското ропство е заедничка историја и за нас и за Бугарија? Зарем Римското царство не го покривало целиот овој регион? Затоа денеска славиме заеднички ликови како Цар Самоил, Св.Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски. Точно и јасно знаев што кажувам и никогаш не биле моите непромислени изјави, туку биле отворени и чесни изјави.“

Премиерот во интервјуто вели дека во две години со Бугарија договорени се пет историски личности и три периоди за заедничко славење

„Договорите се обврска на двете страни,кои ги потпишуваат. Наше гајле е ние да го спроведуваме она што е наша обврска. Поуспешни сме од било кои други договори што се постигнати во модерна Европа. Еве да земеме, на некои историските комисии им требало и по 20 години да дојдат до решение. А,ние во првите две години успеавме да се договориме за 5 историски ликови и 3 историски периоди и ги славиме заедно. Историјата билатерално да се решава и за неа да разговараат експерти и историчари, иако историјата е динамична наука и секој има право на различни погледи, аргументации и докази за својата автентичност. Очекуваме одговорност и од другата стана, затоа што имаат обврска во Договорот за континуирано поддржување и помагање на РСМ. Јасно кажав дека Бугарија еклатантно го крши членот 2 од Договорот. Тие секогаш искажуваат незадоволство од реализација на Договорот, но не треба да се заборави дека нашата земја помина низ референдум, промена на Уставот, а дојде и пандемијата.“- изјавува премиерот Зоран Заев, во интервјуто за Фокус.

Одговарајќи на прашање поврзано со предлогот на Христијан Мицкоски,Македонија едностарано да го напушти договорот со Бугарија, Заев вели дека тоа е многу несериозно, но и најлесно е да не правите ништо.

„Прво е многу несериозно да се откажете од договор, кој веќе е почнат да се реализира и има уште многу што да се направи. Кој ќе прави нов договор?Дали може самиот да постигне договор, зашто прашање е дали тоа ќе го сака и другата страна. Нашиот народ може само да гледа, слуша и да цени за тоа што се кажува. За некои договори да се направат се потребни 30 години. Најлесно е нешто да се поништи и да се погази, а тешко е да се постигне нешто и да се изгради, со што ќе се отвори перспектива за младите. Треба да се покаже сериозност. Ние добивме блокада, но не се откажавме од реформите. Најлесно е ништо да не правите.“- вели премиерот Зоран Заев за Фокус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...

Телото пронајдено при ископ е на Славе, штипјанецот по кој се трагаше шест месеци

Штипјанецот Славе Димитриевски, по кого се трагаше од 14-ти август лани, е лицето чие тело беше пронајдено утринава, при ископ во Штип. Информацијата ја потврдија...

Случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале бомба.

Вчера во 11:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба. Местото е...