16.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаАвстралија26 позитивни на Ковид испратија во хитен локдаун скоро 7 милиони жители...

26 позитивни на Ковид испратија во хитен локдаун скоро 7 милиони жители на Мелбурн и Викторија заради

spot_imgspot_img

Австралиската држава Викторија денеска влегува во еднонеделна блокада поради Ковид-19, а речиси седум милиони жители ќе мора да останат дома, освен за извршување на најважните работи бидејќи властите се борат да запрат нов позаразен бран на зараза.

„Имаме работа со многу заразен вид вирус, варијанта што е загрижувачка и се шири побргу отколку што досега сме забележале“, им рече на новинарите во Мелбурн привремениот премиер на државата Викторија, Џејмс Мерлино

Мерлино рече дека во потрагата по контакти на заразените тие идентификувале повеќе од 10.000 примарни и секундарни контакти што треба да се стават во карантин, да се тестираат и да се стават во самоизолација и додаде дека тој број продолжува да расте и да се менува.

На почетокот на неделава беа откриени нови случаи на зараза во Мелбурн, а денес тој број се искачи на 26 по 12 новооткриени, а бројот на локации изложени на вирусот се искачи на повеќе од 150.

По стапувањето во сила на строгите мерки, кои ќе траат до 3 јуни, на жителите на Викторија ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за примарна работа, здравствена заштита, купување продукти, вежбање или вакцинација против коронавирусот.

Државите Западна Австралија и Тасманија денеска ги затворија своите граници за жителите на Викторија по истиот потег на Јужна Австралија претходниот ден, а Северната Територија и државата Квинсленд ќе бараат од патниците да поминат задолжителен двонеделен хотелски карантин, а Нов Јужен Велс, кој е најнаселената држава во Австралија, која се граничи со Викторија, ги повика жителите да го одложат патувањето во Мелбурн.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен охриѓанец, истепал 71 годишно лице

Приведен охриѓанец, истепал 71 годишно лице.. На 29.04.2024 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Х.П.(29) од Охрид, поради сомнение дека претходно, на...

26 годишна девојка од Кавадарци пронајдена мртва во Штип !!

Синоќа е пронајдено безживотно тело на почината 26 годишна девојка од Кавадарци во куќа во близина на Градската црква „Св Никола“во Штип. Возила на полицијата...

Македонската амбасада на терен- Во посета на стари и изнемоштени лица за апликација за патни исправи

Македонската амбасада и конзулат изминатиот викенд го поминаа работно . Амбасадорката на Република Македонија Н. Е Билјана Стефановска и господинот Али Алиевски од македонскиот...

Кој има против македонската песна и знаме? Избришани сите патриотски песни од јутјуб каналот на пејачката Елена Андоновска

Фолк пејачката Елена Андоновска остана без својот Јутјуб-канал, односно во текот на вчерашниот ден и ги избришале сите видеа со македонски песни кои имаат...