21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Како да прифатам предвремени избори кога Мицкоски ни ''С'' не употребува...

Заев: Како да прифатам предвремени избори кога Мицкоски ни ”С” не употребува од Северна Македонија !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заев најави дека за претстојните локални избори СДСМ ќе коалициира со партнерите со кои и сега е заедно, но, како што рече, дополнително ќе се одлучува дали тоа ќе биде за првиот или вториот круг од изборите.

<

Премиерот Зоран Заев смета дека парламентарното мнозинство може само да расне, а никако да се намалува и, како што рече, во тоа е уверен пред се поради добрите политики кои ги спроведува власта во сите сфери. Тој вели дека нема потреба да се оди на предвремени парламентарни избори и оти власта треба да истера еден цел мандат, да покаже што умее и граѓаните да го почуствуваат бенефитот.

Заев најави дека за претстојните локални избори СДСМ ќе коалициира со партнерите со кои и сега е заедно, но, како што рече, дополнително ќе се одлучува дали тоа ќе биде за првиот или вториот круг од изборите.

– Одговорно тврдам дека парламентарното мнозинство може да расте, а не да паѓа. Ќе се обидам на наједноставен начин тоа да го објаснам, а е врзано со политиките кои ги води власта предводена од СДСМ и опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е основата дали ќе има миграција на пратеници од лево кон десно или од десно кон лево. Нека ценат сите стручни експерти дали има реална основа да ја зголемиме бројка на поддршка на пратеници на сето ова што го зборуваме за проекти, европска интеграција, за подобрување на државата – рече Заев.

Добрите политики, нагласи тој, се отсликуваат и во држење и на стабилното мултиетничко општество, јасните економски перспективи, економски мерки кои повлекуваат зголемување на просечната и минималната плата, како и подобар стандард на граѓаните воопшто.

– Тоа се политики на оваа Влада. Сето друго е ризикот кој треба да го прифатиме. Мојот прв опонент Христијан Мицкоски „С“ од Северна не употребува, може да замислите што ќе биде во државата. И, зошто да одиме на парламентарни избори? Зарем не е потребно да дадеме еден мандат од четири години конечно и власта да покаже што може и економските бенефити да ги почуствуваат граѓаните – истакна премиерот.

Тој не исклучува можност за коалицирање на СДСМ на локалните избори, но не прецизираше дали тоа би се случило во првиот или вториот круг.

– Локалните избори се поразлични од парламентарните и претседателските избори, но ние имавме коалиции и на овие избори зошто, па не би имале и на локалните. За претседателските избори во 2019 направивме најголема коалиција. Тоа го направивме и на парламентарните избори. Верувам дека можеме, бидејќи во единството е силата. Ќе правиме коалиции, прашањето е дали ќе бидат и колку во обем уште во првиот круг и колку во вториот круг – нагласи премиерот Заев.

Локалните избори, посочи тој, се избори на личности на кои партиите имаат влијание, но, не толку силно.

– На локалните избори самата личност за советник и градоначалник е важна и од нив ќе зависи дали ќе има коалиција или не. Ако ги прифатат нашите максимално добро избрани кандидати ќе не поддржат уште во прв круг или обратно ние нивните кандидати – нагласи премиерот Заев.
ПЛУСИНФО

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...