24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаСветЕдинаесетгодишно момче доби нов бубрег кој му го донираше неговата учителка

Единаесетгодишно момче доби нов бубрег кој му го донираше неговата учителка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Единаесетгодишниот Гевин Секстон, добил бубрег кој му го донирала неговата учителка, пишува британски „Мирор“. Тој имал осум години кога добил тешко заболување на бубрегот, па му била неопходна трансплантација. Неговите родители не можеле да му помогнат.

<

Мајка му не била компатибилна, а татко му не ги исполнувал условите затоа што имал висок крвен притисок, па процесот бил многу ризичен. Гевин долго време чекал нов бубрег кој ќе му овозможел нормално да живее. Тогаш неговата учителка во школото, Ен, му го подарила нејзиниот.

Момчето речиси целиот свој живот водел тешка битка. Уште на три години му бил дијагностициран тумор на бубрегот, кој бил во трет стадиум.

 

„Откако беше опериран, му беше изваден целиот лев бубрег. Целиот орган му беше зафатен со туморот. Тогаш беше подложен на хемотерапија и зрачење“, изјавила неговата мајка Робин.

По неколку циклуси на лечење, снимките покажале дека ракот се проширил и на неговите бели дробови. По новиот циклус на терапии, туморот се повлекол, но, радоста траела кратко време, затоа што година дена подоцна, ракот пак се вратил.

„Лекарите повторно открија рак во близина на другиот бубрег. Тогаш ни рекоа дека ќе му биде потребна агресивна терапија со зрачење, која сигурно ќе му го уништи бубрегот“, продолжи Робин.

Откако ја победил и оваа битка, на Гевин, по само три месеци, му откажал и вториот бубрег.

„Бевме свесни за тоа што ќе следува, но, не се надевавме дека ќе се случи толку брзо“, објаснила Робин.

На само осум години тој морал да оди на трансплантација. Неговата мајка вели дека и било тешко да го гледа нејзиниот син на кого му недостигале другарите и спортувањето. Пред да му откаже бубрегот тие го запишале на часови по пливање.

Но, кога почнал со терапија, Гевин морал да ги прекине тренинзите. На родителите им било јасно дека му е потребна трансплантација. Тој морал две години да биде здрав, за да може да влезе во процесот на трансплантација.

Следните две години Кевин секоја вечер морал да биде приклучен на апарат за дијализа, кој ја прочистувала неговата крв во наредните 10 часа. Кога поминале две години, родителите го ставиле на листата за чекање за трансплантација на бубрег.

„Проблемот е што чекањето на нов бубрег може да трае со години“, објаснила Робин.

Гевин минал низ тешки моменти. Неговите родители веднаш биле тетирани, но, никој од нив не можел да му биде донор. Мајка му не била компатибилна, додека татко му не ги исполнувал условите. Тој имал висок крвен притисок, па процесот бил многу ризичен.

Тие им пишале на сите нивни роднини и пријатели и ги замолиле да се тестираат, како би му помогнале на нивниот син. Кога стигнал одговор од неговата учителка Ен, на родителите им се вратила насмевката. Тие до тој момент не ја ни познавале неа.

 

Ен ги известиал дека сака на Гевин да му го донира нејзиниот бубрег.

„Се сретнав со Ен кога на почетокот ми кажа дека е многу погодена од нашата приказна. Ни кажа дека донирањето на бубрег на дете е нешто што треба да го направи. Тогаш си помислив колку е само љубезна што сака да се вклучи во целиот процес“, изјавила Робин.

Ен изјавила дека им ги кажала плановите на нејзиниот сопруг и ќерки и дека сите тие ја поддржале и биле среќни поради неа. Набрзо потоа почнала пандемијата со коронавирусот, која за жал, на некое време ја одложила операцијата.

Но, и покрај одложувањето, Ен никогаш не се поколебала. Таа била одлучна да му помогне на Гевин, за да може да продолжи да живее нормално како неговите врсници.

Кога завршил локадунот, таа почнала со тестовите за да потврди дека може да го донира бубрегот и дека е целосно здрава. Конечно на крајот бил закажан денот за февруари годинава. Родителите на Гевин биле возбудени и со нетрпение ја очекувале операцијата.

„Постојано не известуваа за нејзината состојба, дека бубрегот е во мраз, дека таа е добро“, изјавила Робин.

На крајот операцијата минала добро, а момчето по три години добил нов здрав бубрег.

„Иако сѐ уште на сила се корона мерките, на сопругот и мене ни е дозволено да бидеме покрај Гевин кога ќе се разбуди. Уште следниот ден ни беше дозволено да ја видиме и Ен. Кога ја видов, останав без текст. Сѐ што можам да кажам е дека ја гледав како анѓел која ни беше испратена за да направи неверојатно добро дело“, изјавила Робин.

По две и пол недели во болница, Гевин конечно бил пуштен дома. По неколку дена, семејството ја поканиле Ен со сопругот и ќерките да се видат со Гевин.

„Беше прекрасно да ги гледам заедно. Од тогаш неколку пати се видоа и поминаа некое време заедно. Знам дека ќе бидат пријатели до крајот на животот“, изјавила Робин.

По неколку тешки недели по силни болки и лекови, на Гевин му е сѐ подобро и подобро. Неговиот апетит, кој дијализата го потиснала, се вратил постепено и сега тој ужива во омиленото јадење на бисквити и чоколадно млеко.

Неговите постари браќа, Бен (14) и Рајан (13), биле пресреќни, што нивниот помлад брат, по толку години борба, конечно повторно е со нив заедно.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...